Организациска структура и организациски дизајн, основни предуслови за успешно работење на компаниите

Стаменковска,М.,2025, Организациска структура и организациски дизајн, основни предуслови за успешно работење на компаниите

Abstract

Организациската структура и организацискиот дизајн претставуваат клучни елементи за градење на ефективни, адаптибилни и успешни компании во услови на брзо менување на работната околина и условите на работното место. Во оваа магистерска работа се анализираат видовите организациски структури и пристапите во организацискиот дизајн, со цел да се утврди нивното влијание врз ефикасноста, иновативноста и стратешката усогласеност на организациите. Посебен фокус е ставен на поврзаноста меѓу организациската структура и организацискиот дизајн за успешното функционирање на компанијата, преку оптимизација на процесите, јасна распределба на одговорности и поттикнување на комуникацијата и соработката меѓу вработените.
Maгистерската теза и истражувањето опфаќаат теоретски осврт на концептите, како и анализа на конкретни студии на случај од домашни и меѓународни компании, при што се идентификуваат добри практики и потенцијални предизвици. Анализите од повеќе автори покажуваат дека компаниите кои соодветно го усогласуваат својот организациски дизајн со организациската структура и култура, ги земаат предвид сите фактори на поврзаност меѓу овие две важни елементи за успех и имаат поголеми изгледи за долгорочна стабилност и успех.
Оваа магистерска работа има за цел да даде придонес во продлабочувањето на знаењата за важноста на соодветниот организациски модел и да понуди препораки за дизајнирање на структури кои ќе ги поддржат динамичките потреби на современото работење на компаниите.

Клучни зборови: организациска структура, организациски дизајн, стратегија, ефикасност, управување, компанија.

Details

Item Type

Master’s thesis

Subjects

Divisions

Depositing User

Date Deposited

26.12.2025 11:00

Last Modified

26.12.2025 11:00

URL

Article Year

Co-Authors