Организациска култура, интринзичка и екстринзичка мотивација како предиктори за добросостојбата на вработените во организација

Citation APA 7:
Танева, Н. (2022). Организациска култура, интринзичка и екстринзичка мотивација како предиктори за добросостојбата на вработените во организација [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Citation Harvard:
Танева, Н., 2022. Организациска култура, интринзичка и екстринзичка мотивација како предиктори за добросостојбата на вработените во организација. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија, Свети Николе.

Details

Author(s)

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

06.05.2022

Citation APA 7:
Танева, Н. (2022). Организациска култура, интринзичка и екстринзичка мотивација како предиктори за добросостојбата на вработените во организација [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Citation Harvard:
Танева, Н., 2022. Организациска култура, интринзичка и екстринзичка мотивација како предиктори за добросостојбата на вработените во организација. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија, Свети Николе.

Abstract

Организациската култура и двата видови на мотивација се многу значајни и за
вработените и за менаџерите на една организација. Кога вработените во една
организација се задоволни, успешни и исполнети, тоа се одразува позитивно на самата
организација, па така истата ќе биде поуспешна. Знаејќи го сето ова, овие три фактори,
организациската култура и двата видови на мотивација, треба да се од голем интерес кај
секој менаџер и секој сопственик на организација, со цел успешност во работата. Така,
излегува и потребата од ова истражување, односно да се докаже дека организациската
култура и видовите на мотивација се предиктори за добросостојбата на вработените во
една организација. Во истржувањето учествуваа 30 вработени во приватна фирма, на
возраст од 20-50 година, 15 од машки пол и 15 од женски пол, сите со работен стаж
помалку од 20 години. Како мерен иструмент беа користени две скали, едната за
внатрешна и надворешна мотивација, а другата за согорување на работното место и
благосостојба на работното место. Од направеното истражување и анализа на
податоците дојдовме до следните заклучоци: Присутна е статистички значајна
поврзаност помеѓу мотивираноста и благосостојбата на вработените; Присутна е
статистички значајна разлика во aмотивираноста на вработените, согорувањето на
работно место и степенот на образование на ниво на значајност, што ни укажува на
податокот дека вработените кај кои е присутно отсуство на секаков вид на мотивација
се јавува согорување на работното место; Амотивираноста доведува до согорување на
работното место без разлика на степенот на образование. Со тоа ги докажавме трите
хипотези на ова истржување.

Keywords:

внатрешна и надворешна мотивација, интринзичка и
екстринзичка мотивација, организациска култура, степен на согорување на работно
место.