
Организација, стандарди, ефикасност и распределба на човечките ресурси во државната и јавната администрација
Citation APA 7:
Димитриеска, А. (2024). Организација, стандарди, ефикасност и распределба на човечките ресурси во државната и јавната администрација [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Димитриеска, А., 2024. Организација, стандарди, ефикасност и распределба на човечките ресурси во државната и јавната администрација. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 06.07.2024 |
Citation APA 7:
Димитриеска, А. (2024). Организација, стандарди, ефикасност и распределба на човечките ресурси во државната и јавната администрација [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Димитриеска, А., 2024. Организација, стандарди, ефикасност и распределба на човечките ресурси во државната и јавната администрација. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.
Abstract
Темата на овој труд се однесува на државната и јавната администрација (во натамошниот
текст: администрација), со поконкретен опфат на организацијата, стандардите,
ефикасноста и распределбата на човечките ресурси во истата. Како исклучително актуелна
и релевантна тема нејзиното истражување има стратешко значење. Организацијата,
стандардите, ефикасноста и распределбата на човечките ресурси во администрацијата е
широка област со големо поле на интерес доколку постои директна вклученост во
администрацијата или ако постои интерес за оние кои се занимаваат со оваа област.
Целта на овој труд е да се добие целосна слика на управувањето и воопшто
функционирањето на администрацијата, како и препознавање на мерки на реформи за
подобрување кои треба да бидат превземени за таа да биде поефикасна и правилно
распределена.
Во современи услови е потребно администрацијата да биде достоен сервисен центар на
граѓаните, кој треба да им помага своите права да ги остваруваат брзо и ефикасно, во
спротивно може да дојде до општо познатиот факт кој гласи: „Задоцнетата правда може да
биде најголема неправда“.
Темата е разработена од различни аспекти, вклучувајќи ги истражувањата за потребите и
барањата на луѓето, како и изучување на динамиката на трудот, креирање и
имплементација на политики и процедури при организирање, како што се планирање и
управување на човечките ресурси, создавање и спроведување на стандарди, ефикасност во
работата и распределба на човечките ресурси во администрацијата.
Исто така, темата е истражувана со ефикасност на различни мерки и активности кои се
преземаат за да се подобри организирањето и управувањето со луѓето во администрација
Keywords:
Организација, стандарди, ефикасност, распределба, човечки ресурси, државна
администрација и јавна администрација.
