
Општествени промени и развојни можности за подобрување на студентските стандарди
Citation APA 7:
Сали, Ќ. (2021). Општествени промени и развојни можности за подобрување на студентските стандарди [Магистерски труд]. Факултет за економија и организација на претприемништво.
Citation Harvard:
Сали, Ќ., 2021. Општествени промени и развојни можности за подобрување на студентските стандарди. Магистерски труд. Факултет за економија и организација на претприемништво.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Општествени промени и развојни можности за подобрување на студентските стандарди |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 30.09.2021 |
Citation APA 7:
Сали, Ќ. (2021). Општествени промени и развојни можности за подобрување на студентските стандарди [Магистерски труд]. Факултет за економија и организација на претприемништво.
Citation Harvard:
Сали, Ќ., 2021. Општествени промени и развојни можности за подобрување на студентските стандарди. Магистерски труд. Факултет за економија и организација на претприемништво.
Abstract
Студентскиот стандард е потребен инструмент, и е многу значаен за
одредување и унапредување на позицијата во која се наоѓаат младите денес за
нивно успешно студентско организирање. Младите луѓе се најзначајниот
фактор кој го движи општесвото напред. Исто така, значајна е вклученоста на
студентите како општествени чинители во потикнување, донесување и
спроведување за зајакнување и унапредување на студентските стандарди. Од
тие причини правиме резиме на состојбата во нашата држава со одговри на
прашањата дали постои студентски стандард и која е постојната
институционална рамка на студентски стандард во Република Северен
Македонија и како таа фунционира.
Начините и практиките на доделување на студентски стипендии преку
Министерството за образование и наука и аналзина на моментална состојба,
исто така и начинот и практиката на доделување на студенстско легло во
студентски домови преку Министерството за образование и наука и аналзина
на моментална состојба на домовите. Според Законот за студентски стандард,
под студентски стандард, се подразбира обезбедување на сместување, исхрана,
школарина, стипендии, како и задоволување на работните, културните,
информативните, спортско-рекреативните и други заеднички потреби на
студентите. Со овој закон поцелосно и пошироко се уредува исклучиво дејноста
на студентскиот стандард и тоа во делот на сите основни одредби, како
основањето, престанокот со работата на студентските домови, сместувањето на
студентите, цената за сместување на студентите, управувањето и раководењето,
финансирањето и други одредби.
Потребата од промени и развој на студентскиот стандард е неопходна, а под
општествена промена се подразбира широко сфатена нециклична промена на
институциите, нормите, културата или на одредена општествена структура.
Keywords:
студентски стандард, стипендии, студентски дом,
општествени промени, развој.
