Oкупационен стрес и ризик од професионално прегорување кај вработените во средните училишта за образование и рехабилитација и средните училишта за образование во Република Северна Македонија

Citation APA 7:
Сенева, Д. (2024). Окупационен стрес и ризик од професионално прегорување кај вработените во средните училишта за образование и рехабилитација и средните училишта за образование во Република Северна Македонија [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Сенева, Д., 2024. Окупационен стрес и ризик од професионално прегорување кај вработените во средните училишта за образование и рехабилитација и средните училишта за образование во Република Северна Македонија. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

01.07.2024

Citation APA 7:
Сенева, Д. (2024). Окупационен стрес и ризик од професионално прегорување кај вработените во средните училишта за образование и рехабилитација и средните училишта за образование во Република Северна Македонија [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Сенева, Д., 2024. Окупационен стрес и ризик од професионално прегорување кај вработените во средните училишта за образование и рехабилитација и средните училишта за образование во Република Северна Македонија. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Современиот динамичен начин на живеење го поттикнува појавувањето на
стресни ситуации и во професионалниот и во приватниот живот, креирајќи услови за
појава на окупационен стрес, хроничен стрес, професионално согорување. Кога се
спомене окупационен стрес и ‘burnout’, вниманието секогаш се насочува кон
приватниот секотор, претпријатија, фирми. Од друга страна, поновите истражувања
покажуваат дека најмногу засегнати се професиите кои се во постојан контакт со луѓе,
како медицинските сестри (медицински персонал), полицијата и наставниците.
Проблем на истражувањето е нивото на професионален стрес и
професионалното согорување кај воспитно-образовниот кадар во средните училишта за
просечните ученици и во средните училишта за образование и рехабилитација и
разликата во нивото на окупационен стрес и професионално согорување.
Истражувањето е спроведено во четири средни училишта од државата – две средни
општински училишта за образование и две средни државни училишта за образование и
рехабилитација во Штип и Скопје. Во истражувањето е користена техника анкетирање
со инструмент анкетен демографски прашалник, потоа скалирање со Прашалник за
окупационен стрес и Прашалник за професионално прегорување.
Спроведеното истражување покажа дека: воспитно-образовниот кадар во
средните училишта за просечните ученици имаат умерено ниво на окупационен стрес и
средно ниво на професионално согорување и укажуваат на тоа дека се соочуваат со
стресни ситуации, но тие не се толку интензивни, додека во средните училишта за
образование и рехабилитација имаат високо ниво на окупационен стрес и
професионално согорување, покажувајќи дека кадарот работи под многу поголем
притисок и е изложен на посложени и потешки задачи.

Keywords:

окупационен стрес, ‘burnout’, наставници, средно образование,
училишта за образование, училишта за образование и рехабилитација