Одржливи заедници, нивно формирање во земјите на транзиција и влијание на екоиндустриските паркови врз животната средина

Citation APA 7:
Скоро, А. (2021). Одржливи заедници, нивно формирање во земјите на транзиција и влијание на екоиндустриските паркови врз животната средина [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Скоро, А., 2021. Одржливи заедници, нивно формирање во земјите на транзиција и влијание на екоиндустриските паркови врз животната средина. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

21.10.2021

Citation APA 7:
Скоро, А. (2021). Одржливи заедници, нивно формирање во земјите на транзиција и влијание на екоиндустриските паркови врз животната средина [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Скоро, А., 2021. Одржливи заедници, нивно формирање во земјите на транзиција и влијание на екоиндустриските паркови врз животната средина. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство.

Abstract

Екоиндустриските паркови може да се сметаат за камен-темелник за градење
одржливи заедници. Новиот концепт нуди почетна точка во обидот да се најде решение
за голем број прашања за одржливост, со кои се соочуваат заедниците денес. Заедниците
се свртуваат кон примена на принципите за одржлив развој и овој напор е тесно поврзан
со суштински промени во индустрискиот сектор. Вклучувањето на индустријата во
процесот на еколошка трансформација бара подобра интеграција помеѓу компаниите во
регионот. Фокусот е на карактерот на интеракција помеѓу индустријата и биосферата,
како и на ефикасно искористување на ресурсите. Развојот на екоиндустриските паркови
опфаќа стратегии за „почисто производство“, размена на нуспроизводи и принципи на
индустриска екологија.
Одржливите заедници се суштински дел од одржливите региони. Сепак,
феноменот на урбано ширење ја загрозува одржливоста на урбаните системи.
Последиците од трансформациите на урбаните области често се долготрајни и
неповратни. Браунфилд проектите претставуваат еден вид урбано рециклирање. Овој
пристап може да придонесе за модернизација на урбаните простори и објекти, со што ќе
се подобри квалитетот на животот на урбаните жители. Имплементацијата на браунфилд
проекти спречува нови урбанистички размери, ги зачувува ресурсите и го зачувува
квалитетот на животната средина.
Транзицијата означува промени во структурата на државата и односите во
конкретниот систем од контролирана во слободна пазарна економија. Целта на
транзицијата треба да биде постигнување конкурентност на претпријатијата,
понатамошен раст и развој на економскиот систем и општеството во целина. Најтешката
задача е да се сменат карактерот и структурата на индустриското производство и без
квалитетни промени во индустријата, нема да има успешна транзиција и понатамошен
развој на урбаната населба во ранзивните земји.
Развојот на екоиндустриските паркови е особено важен за економиите во
транзиција, бидејќи е докажано дека концептот го подобрува квалитетот на животот и
има тенденција да ја зачува животната средина на локалните заедници

Keywords:

Екоиндустриски парк, почисто производство, размена на
нуспроизводи, одржлив развој, одржливи заедници, урбано ширење, браунфилд,
транзиција.