
Однесувањето на потрошувачите при изборот и купувањето на производите со посебен акцент на семејното купување
Citation APA 7:
Златареска, Б. (2021). Однесувањето на потрошувачите при изборот и купувањето на производите со посебен акцент на семејното купување [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Златареска, Б., 2021. Однесувањето на потрошувачите при изборот и купувањето на производите со посебен акцент на семејното купување. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништво
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 09.04.2021 |
Citation APA 7:
Златареска, Б. (2021). Однесувањето на потрошувачите при изборот и купувањето на производите со посебен акцент на семејното купување [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Златареска, Б., 2021. Однесувањето на потрошувачите при изборот и купувањето на производите со посебен акцент на семејното купување. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништво
Abstract
Потрошувачот е клучна основа на маркетингот. За да се дефинираат добри планови за
маркетинг, исклучително е важно да се истражат потрошувачите, нивните
карактеристики и потреби, начинот на живот и процесите на донесување одлуки за
купување и, врз основа на тоа, да се донесат соодветни одлуки за маркетинг-миксот.
Анализата на потрошувачите вклучува истражување за тоа кој купува, што купува,
зошто купува, како донесува одлуки за купување, кога купува, каде купува и колку
често купува. Отворениот пристап кон потрошувачите е императив на денешниот
диверзифициран глобален пазар, така што организацијата може да го идентификува и
да му служи на целниот пазар, да го минимизира незадоволството на потрошувачите и
да остане пред конкуренцијата.
Подготвеноста за купување расте ако луѓето очекуваат поголем приход во иднина.
Очекувањата за раст на цените во блиска иднина, исто така, можат да ја зголемат
подготвеноста за трошење во сегашноста. Колку е поголем бројот на членови на
семејството, толку е поголема сумата на пари што мора да се потроши за купување на
најпотребните средства за егзистенција. Конечно, перцепцијата за идните економски
услови влијае на подготвеноста за купување.
Keywords:
потрошувачи, пазар, избор, купување, производ, семејство.
