
Однесувањето на потрошувачите како клучен фактор за креирање на маркетинг стратегија кај македонските компании
Citation APA 7:
Мирчевска, М. (2022). Однесувањето на потрошувачите како клучен фактор за креирање на маркетинг стратегија кај македонските компании [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништво.
Citation Harvard:
Мирчевска, М., 2022. Однесувањето на потрошувачите како клучен фактор за креирање на маркетинг стратегија кај македонските компании. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништво.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 19.09.2022 |
Citation APA 7:
Мирчевска, М. (2022). Однесувањето на потрошувачите како клучен фактор за креирање на маркетинг стратегија кај македонските компании [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништво.
Citation Harvard:
Мирчевска, М., 2022. Однесувањето на потрошувачите како клучен фактор за креирање на маркетинг стратегија кај македонските компании. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништво.
Abstract
Задачата на маркетингот е дефинирана како создавање и исплатливо користење на
пазарни миксови дизајнирани за да можат подобро да ги задоволат барањата на
потрошувачите при купување и користење на производите. Имено, како што ќе може
да се воочи и од презентираното во трудот, овие барања не се статични и треба да се
развијат добри стратегии за сегментација на пазарот и позиционирање на производите
со цел да се прилагоди понудата на компанијата преку рекламирање на барањата на
групите потрошувачи во различни фази од животниот циклус на производот.
Елаборацијата на концептот кој се однесува на маркетинг стратегијата, како и чекорите
за нејзино формулирање и потребата за нејзино фокусирање кон потрошувачите, само
по себе не е доволно за да се постигне маркетинг успех на компанијата. Доколку
истото не може да се имплементира и да се примени во пракса, ќе остане само
посакувана желба и неостварена цел за самата компанија.
Трудот, дава информации и нови сознанија за влијанието на оденсувањето на
потрошувачите врз креирањето и имплементирањето на соодветни маркетинг
стратегии од страна на компаниите, како и дескрипција и анализа на маркетинг
стратегиите врз чие креирање, клучен фактор има однесувањето на потрошувачите.
Во магистерскиот труд со наслов „Однесувањето на потрошувачите како клучен
фактор за креирање на маркетинг стратегија кај македонските компании“, акцентот
е ставен на факторите кои, од една страна, влијаат на односите меѓу потрошувачите и
претпријатијата, а од друга страна, го детерминираат успехот на креираната маркетинг
стратегија кај компаниите, односно во конкретниот случај кај компанијата Витаминка
А.Д. Прилеп. Практично, целта на трудот е да се увиди значењето на потрошувачите и
нивното однесување, за опстанокот, растот и развојот на македонските компании, или
попрецизно, на компанијата Витаминка А.Д. Прилеп.
Keywords:
маректинг, потрошувачи, однесување, стратегии, односи со
потрошувачите.
