
Одговорност за штета предизвикана од животни со посебен акцент на одговорноста за штета од бездомни кучиња
Citation APA 7:
Брајановски, П. (2025). Одговорност за штета предизвикана од животни со посебен акцент на одговорноста за штета од бездомни кучиња [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Брајановски, П., 2025. Одговорност за штета предизвикана од животни со посебен акцент на одговорноста за штета од бездомни кучиња. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 1.4.2026 |
Citation APA 7:
Брајановски, П. (2025). Одговорност за штета предизвикана од животни со посебен акцент на одговорноста за штета од бездомни кучиња [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Брајановски, П., 2025. Одговорност за штета предизвикана од животни со посебен акцент на одговорноста за штета од бездомни кучиња. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.
Abstract
Прашањето за штетите предизвикани од бездомни кучиња претставува јадро на
еден поширок општествен и правен феномен што ги поврзува јавната безбедност,
нормативниот систем и деликтната одговорност. Односот помеѓу државата, граѓаните
и животните во урбаните средини станува особено чувствителен кога се поставува
обврската за заштита на животот и телото на човекот во ситуации каде штетниот
настан произлегува од животно без сопственик. Правната теорија и судската практика
со години се обидуваат да воспостават стабилен баланс помеѓу јавниот интерес,
индивидуалните права и обврските на институциите задолжени за контролирање на
популацијата на улични животни.
Во контекст на современите законодавни тенденции, се истакнува потребата од
појасна дефиниција на субјектите на одговорност, границите на нивната пропуштена
должност и режимот на надоместување на штетите што произлегуваат од овие ризици.
Одговорноста за штета од бездомни кучиња не се сведува само на утврдување вина или
објективен ризик, туку претставува индикатор за ефикасноста на локалното
управување, усогласеноста на законските прописи и степенот на заштита, што
правниот систем им ја гарантира на своите граѓани.
Keywords:
бездомни кучина, одговорност, штета, животни, надомест, деликт,
законодавство.
