Одговорност за производот во ерата по ковид-19: правна заштита за потрошувачите

Милевски,Т., 2025, Одговорност за производот во ерата по ковид-19: правна заштита за потрошувачите

Abstract

Пандемијата со КОВИД-19 претставуваше пресвртна точка во глобалните
општествени и економски процеси, која во значителна мера ги трансформираше и
правните односи меѓу производителите и потрошувачите. Наглиот пораст на
побарувачката за фармацевтски производи, медицинска опрема, средства за
дезинфекција, но и производи за широка потрошувачка, отвори низа прашања
поврзани со одговорноста за безбедноста, квалитетот и функционалноста на
производите. Сето ова ја изостри потребата од појасна и поефикасна правна рамка која
ќе обезбеди соодветна заштита на потрошувачите, а истовремено ќе овозможи
предвидливост и правна сигурност за производителите и трговците.
Фокусот на овој труд е насочен кон разгледување на современите механизми
за одговорност за производот и нивната примена во ерата по КОВИД-19, со особен
акцент врз европските правни стандарди и нивната рефлексија во националното
законодавство на Република Северна Македонија. Анализата опфаќа прашања од
областа на објективната одговорност, заштитата на потрошувачите во услови на
дигитализација и експанзија на онлајн трговијата, како и значењето на правната
сигурност како предуслов за доверба во пазарните односи. Tрудот се потпира на
интердисциплинарен пристап, комбинирајќи анализа на законската рамка и судската
практика, компаративна студија на европските и националните решенија, како и
преглед на релевантна академска литература. Ваквиот пристап овозможува критичка
проценка на степенот на усогласеност на македонското законодавство со европските
директиви и регулативи, но и идентификација на празнини и предизвици кои се
појавуваат во практичната примена.
Научниот придонес на трудот се состои во систематизирање на современите
прашања поврзани со одговорноста за производот во постпандемиската ера, при што се
предлагаат конкретни мерки за унапредување на националната правна рамка. Особено
се истакнува потребата од дополнителна хармонизација со европското право,
зајакнување на институционалните механизми за заштита на потрошувачите и развој
на правна култура која ќе гарантира баланс меѓу интересите на економските оператори
и фундаменталните права на потрошувачите на безбедност, квалитет и фер третман.

Details

Item Type

Master’s thesis

Subjects

Divisions

Depositing User

Date Deposited

31.1.2026 12:00

Last Modified

31.1.2026 12:00

URL

Article Year

Co-Authors

Cite APA