Обуките и тренинзите како значаен фактор во задржувањето на вработените во организациите

Citation APA 7:
Демирова, Ф. (2021). Обуките и тренинзите како значаен фактор во задржувањето на вработените во организациите [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Демирова, Ф., 2021. Обуките и тренинзите како значаен фактор во задржувањето на вработените во организациите. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација во претприемништвото, студиска програма Маркетинг менаџмент.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

21.10.2021

Citation APA 7:
Демирова, Ф. (2021). Обуките и тренинзите како значаен фактор во задржувањето на вработените во организациите [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Демирова, Ф., 2021. Обуките и тренинзите како значаен фактор во задржувањето на вработените во организациите. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација во претприемништвото, студиска програма Маркетинг менаџмент.

Abstract

Со развојот на новите технологии и брзото движење на глобалниот пазар,
компаниите откриваат дека инвестициите во интелектуалниот капитал, едукацијата на
вработените во организацијата носат развој и напредок на истата. Едукацијата на
вработените е еден сложен процес, за кој што е потребно трпение и детална
имплементација во секоја фаза од едуцирањето.
Обуките и тренинзите се едни од неопходните алатки за стратешкото
подобрување на компаниите во смисла на зголемување на профитот, зголемување и
унапредување на конкурентската предност на организацијата и остварување на
целите. Секторот на човечки ресурси е главната алка во синџирот во компанијата која
што треба да го препознае влијанието и позитивниот ефект од едукацијата на
вработените, да ги знае вредностите на своите вработени и со тоа компанијата ќе стане
конкурентна, успешна и профитабилна.
Резултатот од обуката е учењето и надградувањето на знаењата на вработените,
кое што помага при нивна мотивација, подобрување во работата, стекнување на нови
навики. Секторот за човечки ресурси треба да ги анализира потребите за видот на
обука и тренинг за вработените, да ги приспособи индивидуално кон нив, да направи
селекција и мотивација на учесниците и да ги исполни со креативни содржини обуките
и тренинзите.

Keywords:

менаџмент на човечки ресурси, обука, пренос на знаење,
мотивација, квалитет, задоволство од работата. вработени