Обуката на вработените во функција на градење на кариерата

Citation APA 7:
Јошевски, Н. (2021). Обуката на вработените во функција на градење на кариерата [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Јошевски, Н., 2021. Обуката на вработените во функција на градење на кариерата. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

29.10.2021

Citation APA 7:
Јошевски, Н. (2021). Обуката на вработените во функција на градење на кариерата [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Јошевски, Н., 2021. Обуката на вработените во функција на градење на кариерата. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Обучувањето има голема улога во развојот на вработените и можноста за градење на
кариерата, што претставува голем мотиватор во работата на вработените и во нивната
лојалност кон компанијата. Методите на обучување имаат посебен ефект врз вработените и
врз нивните работни учиноци. Преку обучување на своите вработени, компаниите развиваат
ресурси, кои поседуваат одредени стручни вештини и кои се оспособени за напредок во
кариерата и за преземање на поголеми работни задачи.
Обучувањето е круцијален дел од процесот на развој на кариерата, што во модерната
бизнис-сфера претставува една од круцијалните можности кои вработените ги очекуваат од
своите организации. Компаниите во потрага по најперспективните човечки ресурси
честопати инвестираат во обуки за своите вработени, кои честопати го надминуваат
шаблонот на обучување на вработените, најчесто насочен кон развивање компетенции во
нивната работна сфера. Притоа компаниите честопати се одлучуваат да организираат обуки
што би развиле нови вештини кај вработените што не се имплицитно поврзани со нивните
работни задачи. Тие обуки најчесто се насочени кон кариерен развој на вработените и
развивање комплетен друг сет на вештини дизајнирани за да им помогнат на вработените да
напредуваат во својата кариера.
Во овој труд се истражуваше придонесот на обуките во градењето на кариерата на
вработените, но и во подобрување на ефикасноста на компанијата поради подобрувањето на
компетенциите на вработените. Резултатите покажаа дека обуките влијаат врз можностите за
градење на кариерата и имаат позитивен ефект врз ефикасноста на компанијата.

Keywords:

обука, кариера, развој, организација