
Новите предизвици на меѓународното казнено право
Стефановски,Ф., 2025, Новите предизвици на меѓународното казнено право
Abstract
Овој магистерски труд го анализира развојот и современите предизвици на Меѓународното казнено право (МКП), со фокус на улогата на меѓународните судови и механизмите за обезбедување правна одговорност. Трудот ја следи историската еволуција на МКП, од Нирнберг и Токио, преку ад хок трибуналите за поранешна Југославија и Руанда, до воспоставувањето на Меѓународниот кривичен суд (МКС) како постојан форум за гонење на најтешките злосторства против човештвото, воени злосторства и геноцид.
Посебно внимание е посветено на два современи конфликти: Палестина и Украина. Во случајот на Палестина, МКС се користи како инструмент за правна и политичка легитимација, кој овозможува на Палестина да се позиционира како субјект на меѓународното право. Во Украина, МКС станува средство за мобилизација на Меѓународната заедница и притисок врз агресорот, со симболички и практичен ефект врз глобалната перцепција на конфликтот.
Истражувањето покажува дека МКП денес се соочува со парадокс: и покрај ограничувањата, зависноста од политичка волја и тешкотиите во спроведувањето, Меѓународното казнено право останува моќен инструмент кој ја обликува меѓународната правна и морална рамка. Трудот заклучува дека иднината на МКП зависи од неговата способност да ја комбинира правдата со политиката, обезбедувајќи дека злосторствата против човештвото нема да останат неказнети и дека меѓународниот поредок ќе продолжи да ја поттикнува одговорноста и владеењето на правото.
Клучни зборови: Меѓународно казнено право; меѓународни злосторства; Меѓународен кривичен суд; одговорност на поединци; принцип на комплементарност; воени злосторства; злосторства против човештвото; геноцид; агресија; современи вооружени конфликти; Украина; Израел; имплементација на меѓународното право; предизвици на глобалната правда; меѓународна судска соработка.
Details
| Item Type | Master’s thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 24.12.2025 12:30 |
| Last Modified | 24.12.2025 12:30 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA | Стефановски,Ф., 2025, Новите предизвици на меѓународното казнено право |
