Нова парадигма за новото време- Нов универзален научен применет модел за интегрален одржлив развој

Бобинкова,М., 2025, Нова парадигма за новото време-
Нов универзален научен применет модел за интегрален одржлив развој

Abstract

,,Старата парадигма“ на владење и управување со светот, со луѓето, со општествата и со државите, експоненцијално ги поткопува и ги руши темелите на меѓународното право, кое е гарант на човековите права и слободи.
Тоа е доминантниот политички начин и парадигма која се спротивставува на здравиот, достоинствен и возвишен човечки развој и хумано еволуирање и реализација на највисоките хумани, културолошки, образовни и духовни принципи, визии и цели на човештвото.
Во таа политичка парадигма е зададен голем удар на општеството и на науката, на живеењето и на создавањето, на образованието и на воспитанието на младите, со далекусежни негативни последици за општеството и за идните генерации.
Неопходното пренасочување, од негативната парадигма кон позитивна, на општествено и на цивилизациско ниво се прави најпрво со подигање на поимот на научната парадигма од полето на филозофија на науката и општествен концепт, на ниво на универзален применет научен модел, кој функционира во сите времиња, а не зависи од различни и спротивставени временски пројавени или условени концепти или теории.
Целта на овој магистерски труд е научно изведување и дефинирање на парадигмата како универзален научен применет модел.
Подигање на поимот на научната парадигма од полето на филозофија на науката и општествен концепт, на ниво на универзален научен применет модел, кој функционира во сите времиња, а не зависи од различни и спротивставени временски пројавени или условени концепти или теории.
Старата парадигма ја побива овој Универзален применет научен преродбен модел за интегрален одржлив развој, со помош и заедно со Новата парадигма за новото време, која особено се вообликува и надградува во образовниот систем, а преку него и во општествениот и во политичкиот систем. Кои заедно се во функција на создавањето, заштитата и примената на високите вредности во сите области и на интересите и целите на заедницата, народот, општеството и државата, но и на човештвото и на човечката цивилизација.

Details

Item Type

Master’s thesis

Subjects

Divisions

Depositing User

Date Deposited

19.2.2026 12:30

Last Modified

19.2.2026 12:30

URL

Article Year

Co-Authors