
Нова парадигма за новото време – нов универзален научен применет модел за интегрален одржлив развој: Меѓународното право – основа на новата парадигма за новото време
Citation APA 7:
Бобинкова Мијаковска, А. (2025). Нова парадигма за новото време – нов универзален научен применет модел за интегрален одржлив развој: Меѓународното право – основа на новата парадигма за новото време [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Бобинкова Мијаковска, А., 2025. Нова парадигма за новото време – нов универзален научен применет модел за интегрален одржлив развој: Меѓународното право – основа на новата парадигма за новото време. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 19.2.2026 |
Citation APA 7:
Бобинкова Мијаковска, А. (2025). Нова парадигма за новото време – нов универзален научен применет модел за интегрален одржлив развој: Меѓународното право – основа на новата парадигма за новото време [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Бобинкова Мијаковска, А., 2025. Нова парадигма за новото време – нов универзален научен применет модел за интегрален одржлив развој: Меѓународното право – основа на новата парадигма за новото време. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.
Abstract
Старата парадигма“ на владење и управување со светот, со луѓето, со
општествата и со државите, експоненцијално ги поткопува и ги руши темелите на
меѓународното право, кое е гарант на човековите права и слободи.
Тоа е доминантниот политички начин и парадигма која се спротивставува на
здравиот, достоинствен и возвишен човечки развој и хумано еволуирање и реализација
на највисоките хумани, културолошки, образовни и духовни принципи, визии и цели на
човештвото.
Во таа политичка парадигма е зададен голем удар на општеството и на науката,
на живеењето и на создавањето, на образованието и на воспитанието на младите, со
далекусежни негативни последици за општеството и за идните генерации.
Неопходното пренасочување, од негативната парадигма кон позитивна, на
општествено и на цивилизациско ниво се прави најпрво со подигање на поимот на
научната парадигма од полето на филозофија на науката и општествен концепт, на ниво
на универзален применет научен модел, кој функционира во сите времиња, а не зависи
од различни и спротивставени временски пројавени или условени концепти или теории.
Целта на овој магистерски труд е научно изведување и дефинирање на
парадигмата како универзален научен применет модел.
Подигање на поимот на научната парадигма од полето на филозофија на науката
и општествен концепт, на ниво на универзален научен применет модел, кој
функционира во сите времиња, а не зависи од различни и спротивставени временски
пројавени или условени концепти или теории.
Старата парадигма ја побива овој Универзален применет научен преродбен
модел за интегрален одржлив развој, со помош и заедно со Новата парадигма за новото
време, која особено се вообликува и надградува во образовниот систем, а преку него и
во општествениот и во политичкиот систем. Кои заедно се во функција на создавањето,
заштитата и примената на високите вредности во сите области и на интересите и целите
на заедницата, народот, општеството и државата, но и на човештвото и на човечката
цивилизација.
Keywords:
парадигма, новото време, универзален, генијалност, научен,
применет модел, систем, образование, човечки капитал/ресурси, интегрален, одржлив
развој, општество, меѓународно право, владеење на право, суверенитет, држава,
соработка, цивилизациски, творечки, истражувачки, идентитет, суверена, држава,
доктрина, миротворство, траен мир.
