
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 02.10.2020 |
Abstract
За надоместот на нематеријалната штета како правен институт во нашиот правен
систем постои богата судска пракса. И покрај тоа, потребата да се анализира судската
пракса со цел да се унапреди правната мисла е условена од фактот што на судовите и
судството во целина, овој институт им носи “еден товар“, бидејќи странките во овие
спорови, често без основа им препишуваат субјективност и ја доведуваат во прашање
непристрасноста на судот. Ова е така поради едноставното прашање: може ли објективно
во пари да се одмерат вредности кои се тешко мерливи? Нашиот закон како предмет на
овој вид штета ги определува вредностите, а кои по својата природа се духовни, психички,
апстрактни, а со тоа и тешко одредливи и ги опфатил со општиот правен израз “правичен
паричен надоместок“, кој се досудува како надомест на нематеријална штета.
Токму затоа, да се пишува за надоместокот на нематеријалната штета, во контекст
на судската пракса, главната цел е да се воедначат разликите во определениот правичен
паричен надоместок, во контекст на слободното судиско уверување при досудувањето на
истиот.
Исто така, постои еден многу актуелен поттик за оваа тема: се почестото обраќање
на носителите на јавни функции, службени лица кои по повод вршењето на оваа
професија или должност, се изложени на критика, а со тоа да почувствуваат повреда на
честа и угледот. Многу е важно да се анализира за каква компензација за повреда на таа
личност се определува судската пракса, низ надоместот на правичниот паричен надомест
и дали во овие случаи е присутно надоместувањето на нематеријалната штета преку
морална сатисфакција. Ова особено во контекст на обврската на судот преку доказната
постапка да утврди, дали штетата стварно настапила за конкретната јавна личност, и ако е
тоа случај, на кој начин да се утврди нејзината висина и начин на надоместување, со цел
да се индивидуализира таа штета.
Keywords:
штета, право, закон.
