
Негативните последици на разводот на брак врз децата
Манчевска,И., 2025, Негативните последици на разводот на брак врз децата
Abstract
Во модерното опшество во кое што живееме најголемиот број на бракови кои што се склучуваат се склучуваат од љубов за разлика од минатото кога најголемиот број од браковите биле договорени. Тука се поставува и прашањето дали љубовта е доволна за да опстои еден брак ако во него нема комуникација, разбирање и поддршка. Партнерите често не се доволно спремни да влезат во брак, и премногу рано се остваруваат како родители, па ваквата неспремност раѓа конфликти кои партнерите не знаат како да ги решат, па разводот го гледаат како единствено решение.
Како основна клетка во општеството, семејството претставува основа за правилен раст и развој на децата, но за жал не сите деца имаат можност да растат во целосни и функционални семејства. Разводот на брак е една од основните причините за распад на семејството.
Заземајќи се поголем замав разводот на брак е веќе масовна појава која ја среќаваме секојдневно во нашето опкружување. Разводот на брак и негативните последици врз децата кај нас се уште е табу тема за која многу малку се говори. Во периодот пред развод и во текот на бракоразводната постапка, родителите често се во дилема како да им соопштат на децата за разводот, и како разводот ќе биде прифатен и како ќе влијае на нивните деца. Колку разводот на родителите има негативни последици врз развојот на децата ќе биде одговорено во ова истражување.
Родителите како решение за нефункционалниот брак најчесто го одбираат разводот, но од таквото решение најчесто страдаат децата.
Истражувањата кои што досега се направени докажуваат дека децата најголемите стресови ги доживуваат токму од разводот на брак.
Истражувањата кои што се направени до сега покажуваат дека многу ретко се случува да не се појават негативни последици од разводот на брак кај децата, а во најголемиот број разводи на брак има барем по едно дете.
Разводот на брак предизвикува такви последици врз развојот на целокупната личност на детето, кои што последици ќе го пратат во текот на целиот живот.
Статистичките податоци покажуваат дека децата жртви на развод на брак многу поретко влегуваат или воопшто не влегуваат во брак, покасно влегуваат во брак, и многу почесто се разведуваат.
Одлуката за развод на брак ја носат родителите, со што треба да бидат свесни како нивната одлука ќе влијае на нивните деца и какви негативни последици може да предизвика кај нив. Според некои истражувања нивото на стрес кој што го доживуваат родителите и децата од разводот се наоѓа на второ место, веднаш после нивото на смрт на член од семејството, така стресот е неизбежна појава како за родителите така и за децата. Кај децата се појавуваат низа на прашања, и нелагодни чувства и страв од новонастанатата ситуација, затоа цел на ова истражување е да се откријат сите негативни реакции кои се предизвикани од страна на разводот на брак кај децата.
Направените истражувања наведуваат дека негативните последици од разводот на брак зависат од возраста на детето, карактерот на детето,неговата зрелост и околностите, како и околината која го опкружува. Децата бидејќи не се сеуште доволно зрели да ги сватат промените кои што настале, промените ќе ги процесираат на различен начин и врз основ на нивното мало животно искусво можат да донесуваат заклучоци кои што за возрасните изгледаат неважно, а да бидат од клучно значење за нивниот понатамошен развој.
Многу често родителите свесно или не свесно можат дополнително да ги оптеретат своите деца со разводот, па дури и да ги користат како средство за манипулација, на тој начин дополнително отежнуваќи му го адаптирањето на децата на новонастанатат ситуација.
Во ова истражување ќе го опишам разводот на брак преку детското доживување и ќе ги докажам неговите негативни последици врз развојот на децата.
Ова истражување во голема мера ќе им служи како превентива на воспитувачите, учителите и сите оние кои што работат во воспитно образовниот процес, вклучувајќи ги и родителите, затоа што ако ги знаеме последиците кои што разводот на брак ги предизвикува кај децата полесно ќе дојдеме до начин и техники со кои што на децата на разведените ќе им го олесниме периодот по раводот на нивните родители, на тој начин би ги минимализирале негативните последици од разводот на брак.
Details
| Item Type | Master's thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 10.8.2025 13:00 |
| Last Modified | 10.8.2025 13:00 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA | Манчевска,И., 2025, Негативните последици на разводот на брак врз децата |
