Нарцисоидната конституција на личноста како извор на конфликт и насилство во секојдневната комуникација и поведение

Citation APA 7:
Олумчев, С. (2024). Нарцисоидната конституција на личноста како извор на конфликт и насилство во секојдневната комуникација и поведение [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.

Citation Harvard:
Олумчев, С. (2024) Нарцисоидната конституција на личноста како извор на конфликт и насилство во секојдневната комуникација и поведение. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.

Details

Author(s)

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

25.03.2025

Citation APA 7:
Олумчев, С. (2024). Нарцисоидната конституција на личноста како извор на конфликт и насилство во секојдневната комуникација и поведение [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.

Citation Harvard:
Олумчев, С. (2024) Нарцисоидната конституција на личноста како извор на конфликт и насилство во секојдневната комуникација и поведение. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.

Abstract

Нарцисоидното пореметување на личноста е уникатен модел на
поведение кој се карактеризира со силно и нескротливо чувство на
грандиозност, неконтролирана силна потреба за испорака на восхит од
околината, екстремна ароганција, обземеност со мисли за неограничена
моќ и успех и потполн недостаток на емпатија. Постојат два генерално
различни вида на нарцизам кои се разликуваат не по
симптоматологијата туку по нивниот евалуат кој се добива како
производ на тие карактеристики на личноста. Секоја амбициозна
личност има зацртана цел да ги постигне животните амбиции и желби
и ги употребува сите можни алатки за успешно завршување на
зацртната и посакувана цел како извор на сопствено задоволство а
понекогаш и за исполнување на желбите на блиската околина. Секогаш
при постигнувањето на зацртаните цели е пожелна и потребна е
одредена доза на т.н. здрав нарцизам, но доколку дозата доведе до
дисхармонија со околината и потешкотии или неможност за одржување
на општествените односи, тогаш станува збор за патолошки нарцизам.
Границата помеѓу здравиот и патолошкиот нарцизам е толку тенка што
наликува на жица по која одат балансерите над некоја бездна. Нивнотодвижење е всушност клатење кон лево или кон десно со цел одржување
на рамнотежата на телото. Клатењето всушност е сликовит опис колку е
тенка границата помеѓу здравото и патолошкото и тоа е всушност
реалната слика на преминот од здрава нарцисоидност преку преоден
нарцизам, border line нарцизам и патолошки нарцисизам. Во контекст на
нарцисоидно растројство на личноста и неговите карактеристики,
доплнително покрај психопатијата, социопатијата, садизмот потребно е
да се спомене и Hubris синдромот кој се почесто се манифестира во
нашето општество особено во политичките кругови и станува се
поактуелна тема која бара истражување во оваа кохорта на личности од
интерес. Хубрисовиот синдром е дефиниран со истражување како
одредени луѓе на високи позиции се однесуваат пред и во моментот
кога ќе добијат одредена количина на моќ и авторитет која ги става на
повисоко ниво на општествените текови. Синдромот е во тесна
корелација со моќта, функцијата и политичкото влијание и најчесто се
манифестира доколку личноста добие доволна доза на моќ, влијание и
авторитет со кое може да влијае на елементите од општеството.
Хубрисовииот синдром не може да биде во корелација со личности кои
претрпеле повреда на мозокот, личности кои имаат експанзивен
интракранијален процес или дијагностицирана ментална болест. Тие
ентитети влегуваат во категоријата на ментални и душевни болести и
мозочен органски психосиндром кои покрај темно тријадните и темно
тетрадните карактеристики се комплицираат со психопатија,
социопатија и психичка или физичка агресија. Симптомите обично
исчезнуваат откако личноста ќе ја изгуби моќта но не веднаш туку по
одреден преоден период. Доколку личноста има повторно испорака на
количество на моќ, симптоматологијата се враќа поради стекнатите
условни рефлекси во поведението и поради неизбришаната меморија во
која се депонирани обрасците на однесување за време на
практикувањето на стекнатата моќ. Личностите кај кои постојат
доблести од типот на реална скромност, прифаќање на критики,
способност за самокритика и чувство на срам, кои поседуваат одредена
доза на цинизам која е во контекст на нивниот смисол за хумор, не се
кандидати за развивање на Хубрисов синдром. Темно тријадната и
темно тетрадната конституција на личноста во композиција со или без
коморбидитети се тема на расправа во овој труд со цел да се види и
темната страна на нарцисоидноста со цел превенција на конфликтите и
спречување на последиците од типот на агресија врз жртвите на
нарцисната злоупотреба која е веќе секојдневие во општеството особено
во оние општествени уредувања кои се во транзиција и каде сеуште
моралните норми се заобиколуваат, а општествено социјалнитедевијации не се цензурираат ниту санкционираат. Тоа создава еден
бестежински, вакуум простор кој дава слобода за еволуција на
личностите со нарацисоидно пореметување на личноста кои во
општество без цензура и санкции експонираат жирока плејада на
симптоми кои допрва треба да се категоризираат во синдроми. Но за да
дојдеме до тој дел потребно е сите заедно да се вложиме како личности
во истражување на оваа мултикомплексна проблематика се со цел
изнаоѓање на дискретните разлики помеѓу здравиот и патолошкиот
нарцизам, нивна квалитетна дефиниција и диференцијација. Со то ќе
можеме многу полесно да ги стимулираме талентите кој манифестираат
здрав нарцизам наспроти патолошкиот нарцизам кој бара психолошка
обработка поради штетното влијание врз општествените текови и
поради последиците по личноста како поединец. Во ова истражување е
неможно да се работи ретроспективна или проспективна студија и затоа
ќе истражуваме ex tempore или во реално време и тоа на неколку
кохорти и една рандом група со цел добивање реални резултати во
актуелна ситуација и актуелен амбиент. Ќе се направи споредба и со
епидемиолошките модели и индиктори кои ќе го детерминираат
влијанието на амбиентот, егото, нагоните и моќта врз засегнатата
личност со оваа пореметување со употреба на методолошките и
епидемиолошките модели за собирање, обработка и евалуација на
добиените резултати.

Keywords:

нарцисно инарцисоидно растројство на личноста,
синдром на хубрис, моќ, авторитет, величественост, грандиозност,
темна тријада на личноста, темна тетрада наличноста,
психопатија,епидемиологија