Надворешната политика на балтичките земји, значењето на регионалната поврзаност и соработка за нивните позиции во меѓународната заедница

Коловска,В., 2024, Надворешната политика на балтичките земји, значењето на регионалната поврзаност и соработка за нивните позиции во меѓународната заедница

Abstract

Поминале повеќе од сто години откако Литванија, Латвија и Естонија прогласија независност од Царска Русија, но надворешните предизвици на државите, како и нивните стратегии, до денес се горе-долу исти како оние во 1918 година. За малите држави опкружени со моќни соседи, неопходно е да развијат колку што е можно повеќе меѓународни сојузи, но и да одржуваат што поблиски односи во регионот. Токму затоа, во овој труд се истражува надворешната политика на балтичките земји која се карактеризира со фокусирање на регионалните врски и соработка, што го засилува нивното влијание, помага за справување со безбедносните грижи и го унапредува економскиот развој, а најважно тесната соработка игра значајна улога во зајакнувањето на нивните позиции во меѓународната заедница. Преку регионалната соработка, тие биле во можност да се справат со заедничките предизвици, да го засилат својот глас и да ја зајакнат својата преговарачка моќ. Со оглед на нивната географска близина и споделените историски искуства, овие нации ја разбираат важноста на соработката во промовирањето на стабилноста и одвраќањето на потенцијалните закани преку развивање на силни регионални безбедносни рамки и кооперативни одбранбени иницијативи, како што се Балтичката одбранбена соработка (BALTDEFCO) и заеднички воени вежби. Од осамостојувањето нивни заеднички надворешно-политички приоритет е влезот во Европската Унија и Нато.
Патот на балтичките држави до пристапување во ЕУ не бил лесен, но се смета за успешен и дополнително, претставува идеален пример за државите кои сè уште биле во транзициски процес. Од пристапувањето на балтичките држави во 2004 година, познато е дека Балтикот придонесува со бројни големи политички влијанија и врз развојот на самите држави, како и во обликувањето на надворешната политика на ЕУ, особено во однос на безбедноста и заедничката енергетска политика.