Надомест на штета од задолжително и доброволно осигурување со осврт на случај за право на надомест на штета при задолжително осигурување во сообраќај во случај на смрт, за член на семејство

Citation APA 7:
Маноиловска, Ј. (2021). Надомест на штета од задолжително и доброволно осигурување со осврт на случај за право на надомест на штета при задолжително осигурување во сообраќај во случај на смрт, за член на семејство [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Маноиловска, Ј., 2021. Надомест на штета од задолжително и доброволно осигурување со осврт на случај за право на надомест на штета при задолжително осигурување во сообраќај во случај на смрт, за член на семејство. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

30.08.2021

Citation APA 7:
Маноиловска, Ј. (2021). Надомест на штета од задолжително и доброволно осигурување со осврт на случај за право на надомест на штета при задолжително осигурување во сообраќај во случај на смрт, за член на семејство [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Маноиловска, Ј., 2021. Надомест на штета од задолжително и доброволно осигурување со осврт на случај за право на надомест на штета при задолжително осигурување во сообраќај во случај на смрт, за член на семејство. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Живееме во едно урбанизирано и модерно општество во кое брзината, ефикасноста и
сигурноста се значајни во сите сфери од животот. Како резултат на тоа, споредбено, од пред 20 години и
денес, значително е зголемена појавата на човекот како единка или групно, преку начелото на заемност
и солидарност да ги здружува средствата заради обезбедување од идни и неизвесни ситуации означени
како ризици.
Човекот отсекогаш претставувал и претставува суштинската алка на животот и неговото
постоење како такво отсекогаш се потврдува и обезбедува низ разни начини на организирање,
здружување, заштита и промовирање. Сите случувања, како во минатото така и во сегашноста,
неминовно придонесуваат овие процеси не само да се засилат туку и да се зголемат потребите и
стандардите за истите, вклучувајќи ги сите сфери од општествениот живот. Потребата на човекот да го
обележи своето постоење, а пред се сигурноста во животот и добрата , без разлика дали се работи за
физички , духовни или материјални, ги тангираат и усмеруваат однесувањата на сите организации,
правни и физички лица кои нудат и даваат услуги за обезбедување токму на таквата сигурност и
безбедност.
Самата појава, човекот како единка или групно да ги здружува средствата заради обезбедување
од ризици постоела отсекогаш и истата со тек на времето се менувала и се приспособувала на потребите
на современиот човек. Денес кај нас најпозната таква појава која воедно претставува и единствена
појава која се развила до тој степен што луѓето во поголем дел ја користат и се запознаени барем со еден
таков вид, е осигурувањето.
Осигурувањето како поим во денешно време се повеќе и повеќе продира во свеста на обичниот
граѓанин кој со развитокот на индустријата, автомобилството, самостојните дејности и друго, полека
полека зазема водечко место во оваа општествена сфера. Самиот поим осигурување е доста широк поим,
кој само по себе не може да му даде на обичниот човек јасна претстава за тоа што се настанува кај
човекот и надвор од него, како резултат на настанувањето на осигурената ситуација односно ризик или
друга појава која дава права на лицето кое е корисник на осигурување. Сите фактори и последици се
рагледуваат од аспект на нивниот интензитет и висина и истите претставуваат основ за остварувањето на
правата на оштетените кои се опфатени како лица кои користат права од осигурувањето, а се основ за
обновување на економските и другите добра на човекот во едно современо организирано општество.
При сите можности и сите можни последици, за човекот од големо значење преставува
запознаеноста со секое осигурување, неговите видови, постапки и значајни елементи кои би му
помогнале на човекот да донесе одлука која за него би била најповолна и најприфатлива. Во една
недоумица за тоа како треба да се постапи и каков договор да склучи , сепак постои голема и разновидна
литератува која е достапна и голем број на агенти и соработници кои нудат услуги и доволно и јасно
даваат упатства и објаснувања за тоа што е најповолно за потребите на човекот како единска или група
во зависност од специфичните барања на истите.
5
Во денешно време поради преголемата нелојална конкуренција, за жал, целокупната активност
на поголем број такви правни и физички лица е единствено во делот на остварување на профит и
оградување од загуба, поради што сметам дека запознаеноста со понудите на пазарот во секој случај ќе
придонесе за намалувањето на таквите случаи и поголем успех како на страна на лицата кои нудат
склучување на договори за осигурување , така и на страната на лицата кои ги користат правата од овие
договори.
Во нашето право, во поглед на осигурувањето и покрај тоа што нема таква изречна поделба во
законот, ако се согледува низ волјата на човекот како единка или група или обврската како присила
предвидена со законот, може да зборуваме за доброволно осигурување или задолжително осигурување,
кои согледани низ призмата на штетата односно оштетениот ќе бидат обработени во оваа магистерска
работа

Keywords:

осигурување
задолжително осигурување
доброволно осигурување
надомест на штета
осигурен ризик
штета