Мотивација и задоволство од работата кај здравствените работници при Општа болница Гевгелија

Citation APA 7:
Стојановиќ, В. (2023). Мотивација и задоволство од работата кај здравствените работници при Општа болница Гевгелија [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Стојановиќ, В., 2023. Мотивација и задоволство од работата кај здравствените работници при Општа болница Гевгелија. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

23.02.2023

Citation APA 7:
Стојановиќ, В. (2023). Мотивација и задоволство од работата кај здравствените работници при Општа болница Гевгелија [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Стојановиќ, В., 2023. Мотивација и задоволство од работата кај здравствените работници при Општа болница Гевгелија. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Мотивацијата и задоволството како процес којшто се одвива кај човекот
отсекогаш била инспирација за многу истражувачи и научници, пред сè, поради
нејзиното влијание врз различни аспекти од животот. Разбирањето на мотивацијата и
мотиваторите кај човекот даваат свое објаснување зошто постапуваме на одреден
начин, го дополнува разбирањето на човечкиот вредносен систем и етичките и морални
норми кои ги има, како од националните и културните комбинации, така и од
социјално-економските услови во кои живее.
Овој труд е обид да се опфатат основните трендови, карактеристики и
зависности меѓу појавите откриени во процесот на мотивација и задоволството за
активностите на луѓето и во делот за работното место, со посебен акцент врз
мотивацијата на болничкиот персонал во Општата болница – Гевгелија.
Македонија се ориентира кон членството во ЕУ, а со самото тоа ориентирање се
наметнува потребата од користење методи, средства и техники за обезбедување
квалификуван, продуктивен и мотивиран кадар, способен да ги реализира целите на
организацијата, но сѐ повеќе се наметнува и потребата од зголемување на ефикасноста
во управувањето со човечките ресурси со коишто располага една организација. Во овој
труд се посветува внимание и на методите во управувањето коишто се користат од
страна на менаџментот и раководните структури од здравствен аспект. Бројни примери
покажуваат дека едноставното копирање на методите не вродува со резултати и не ги
дава истите ефекти како кај оригиналниот извор, а со тоа да заклучиме дека
ефикасноста на еден или друг мотивационен систем во практика во голема мера зависи
од управувачките органи и дека мотивацијата и задоволството претставуваат основен
фактор за ориентацијата на персоналот кон поефективна работа.

Keywords:

вработени, ефикасност, задоволство, менаџмент, методи, мотивација,
човечки ресурси.