
Мобинг однесувања со кои се среќаваат медицинските сестри и нивните ефекти врз нив
Citation APA 7:
Зајаковска Тодевска, С. (2022). Мобинг однесувања со кои се среќаваат медицинските сестри и нивните ефекти врз нив [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Зајаковска Тодевска, С., 2022. Мобинг однесувања со кои се среќаваат медицинските сестри и нивните ефекти врз нив. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Мобинг однесувања со кои се среќаваат медицинските сестри и нивните ефекти врз нив |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 29.07.2022 |
Citation APA 7:
Зајаковска Тодевска, С. (2022). Мобинг однесувања со кои се среќаваат медицинските сестри и нивните ефекти врз нив [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Зајаковска Тодевска, С., 2022. Мобинг однесувања со кои се среќаваат медицинските сестри и нивните ефекти врз нив. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Мобингот или психичката злоупотреба на работното место е „нов социо-медицински
феномен со стари корени“. Зголеменото присуство на мобинг е синдром на „болното
општество“ во кое живееме, тоа е непријателска и неетичка комуникација која на
систематски начин го доведува поединецот во беспомошна положба.Мобингот постои
уште од постоењето на човечката раса и желбата за моќ на поединецот.
Според странската литература како причини за појава на една ваква општествено
негативна појава заправо се посочува модернизацијата на општеството, глобализацијата и
преминот кон капиталистички начин на водење на активностите во работната средина,а од
таму произлегува и зголемениот број на луѓе кои бараат стручна психолошка помош,заради
зголемените барања од работниците, лошите меѓучовечки односи. и вознемирувањата на
работното место кои се се почести и почести.
Структуролошки мобингот е напад на честа и угледот, содржи проклетство, навреда
и кршење на основните човекови права.Мобингот e облик на однесување на работното
место, при што едно или повеќе лица периодично или трајно психички понижуваат друго
лице со цел да го загрозат неговиот углед, чест, човечко достоинство и интегритет се до
неговото елиминирање од работното место. Мобингот често предизвикува здравствени
проблеми и симптоми, промени во менталната и емоционалната свера, промени во
физичкото и психичкото здравје и промени во однесувањето.
Методите на оваа постапка се најразновидни и тоа понижување, заплашување,
навредливо однесување со намера да се казни или заплаши поединецот или
колективот,неоправдано наметнување услови за работа,загрозување на здравјето,изолација
од другите вработени,поттикнување на поединецот да го раскине договорот за
работа,исмејување,вознемирување (сексуално, психичко, вербално),се само некои од
формите на злоупотреба.
9
Кога прашањето за мобинг се гледа како целина на однесување кое вклучува
психичко насилство и неетичка комуникација од перспектива на медицинските сестри во
Јавните здравствени установи како значителен дел на здравствени работници,се доаѓа до
констатација дека медицинските сестри често се жртви на мобинг однесувања односно
изложени се на физичко, вербално и емоционално насилство поради природата на нивната
професија. Сепак, медицинските сестри исто така се изложени на значително висок ризик
од изложеност на мобинг од нивните соработници, лекари, пациенти и роднините на
пациентите.
Во однос на начините за справување со мобингот,жртвите гледаат ограничени
начини на справување и борба против мобингот. Генерално, жртвите на мобинг избегнуваат
да влезат во конфликт заради страв од губење на своите работни места,обидувајќи се да ги
продолжат своите работни обврски со прифаќање на процесот на мобинг со така наречени
„неефективни“ позиции, да бидат преместени во друга единица,или принудени се да ги
напуштаат работните места. Но,она што е значајно тоа е „здравјето“на медицинските
сестри. За жал, оние кои доживуваат мобинг мораат да се справуваат со многубројни
психолошки и физички ефекти. Како најчестите нарушувања се нарушувањата на спиењето,
лутина, стрес, губење на концентрацијата, нарушувања на дигестивниот систем,
злоупотреба на алкохол и дрога, депресија, напади на паника и насилни тенденции.
Затоа, важно е да постојат здрави здравствени политики и законска регулатива со
која би се намалила изложеноста на медицинските сестри на мобинг во институциите каде
работат.
Keywords:
медицинска сестра, мобинг,здравје, неетичка комуникација,психолошко
насилство, чест, углед, последици, здравствени политики, достоинство, интегритет
