Мерење на степенот на исцрпеност како функција која влијае врз развојот на организациите од јавниот сектор

Белески,В., 2025, Мерење на степенот на исцрпеност како функција која влијае врз развојот на организациите од јавниот сектор

Abstract

Целта на ова истражување е да се покаже дали организациската средина и околината за работа влијаат врз ефективното работење на вработените и нивното задоволство. Трудот истражува дали организациската средина може да влијае врз прегорувањето и преморување на вработените и нивното задоволство во работната средина, дали областа на работа може да влијае врз степенот на исцрпеност и според тоа се испитува нивото на исцрпеност на новинарите на МТВ, како и задоволството од задоволените основни човечки потреби. Истражувањето се базира на резултати собрани oд анкета и собрани и анализирани податоци од споредување на резултатите од прашалниците на МТВ и словенечките новинари. Собраните податоци се обработени од Институтот за развој на човечки ресурси во Словенија. За потребите на ова истражување, прашалникот беше преведен од словенечки на македонски јазик. Испитаниците покажаа дека постои позитивна врска помеѓу средниот степен на исцрпеност и реализацијата на сликата за себе.
Во истражувањето учествуваа 61 новинар од МТВ . Потоа истражувањето беше споредено со идентично истражување во кое учествуваа 61 словенечки новинар. Забележано е дека кај македонските новинари оваа состојба на прегорување е повисока во споредба со словенечките новинари. Со оглед на тоа што истражувањето е спроведено во две земји, Македонија и Словенија, може да се каже дека степенот на исцрпеност е последица на организациската средина. Во продолжение на истражувањето, анкетиран е примерок од техничкиот персонал на МТВ. Иако работат во истата институција, резултатите од прашалниците на новинарите на МТВ и техничката поддршка се разликуваат. Меѓу примерокот на новинари од МТВ резултатите покажуваат поголеми знаци на прегорување, тие се истрошени и прегоруваат двојно повеќе отколку во групната техничка поддршка на МТВ. Разликите во степенот на согорување помеѓу двата примерока се минимални, но сепак статистички значајни, најверојатно поради различните услови за работа. Подобрувањето на условите и организацијата на работата би довело до помалку прегорување на работа, што би придонело за подобри резултати во организацијата, но и за задоволство на вработените.

Клучни зборови: прегорување, новинари, потреби, организација, јавен сектор

Details

Item Type

Master’s thesis

Subjects

Divisions

Depositing User

Date Deposited

20.1.2026 12:00

Last Modified

20.1.2026 12:00

URL

Article Year

Co-Authors