Менаџментот со човечки ресурси и мотивацијата кај вработените – пример на компанијата wurth македонија

Антиќ,Ј., 2024, Менаџментот со човечки ресурси и мотивацијата кај вработените – пример на компанијата wurth македонија

Abstract

Денес постои зголемен интерес за менаџментот на човечки ресурси. Компаниите сè повеќе инвестираат во вработените и ги задржуваат како најважни ресурси. Со грижата за нив и самите компании стекнуваат конкурентност и значителен напредок. Една таква компанија е WURTH Македонија. Една од водечките компании во оваа област кога станува збор за управување со човечки ресурси. Корпоративната општествена одговорност е составен дел од идентитетот и бизнисот на WURTH Македонија. Од своите најрани почетоци компанијата е свесна за своето влијание и одговорност кон заедницата во која е длабоко вкоренета. Повеќе од дваесет години конкретните проекти на WURTH Македонија придонесува за развој и подобрување на квалитетот на животот на вработените, но и на пошироката заедница. Основната цел на ова истражување беше да се утврди менаџментот на човечки ресурси во WURTH Македонија и да се утврди кои фактори влијаат на поголема мотивација за работа на вработените, и да се докаже дека факторите интринзични (мотиватори) имаат посилно влијание врз вработените и нивната желба да работат во однос на надворешни фактори. Спроведено е емпириско истражување со формулиран прашалник на примерок од 34 вработени во WURTH Македонија. Резултатите од истражувањето покажаа дека вработените се презадоволни од начинот на кој се третираат во WURTH Македонија.
Главните резултати од студијата:
• Просечното влијание на надворешните фактори врз мотивацијата на испитаниците е 3,50, додека просечното влијание на внатрешните фактори на мотивација на 3.837. Врз основа на вредноста од 2.075 t во нивото на емпириска значајност од 0,9% може да се заклучи дека разликата во влијанието врз мотивацијата меѓу внатрешните и надворешните фактори е статистички значајна.
• Во табелата со дескриптивна статистика може да се забележи дека од сите фактори, кај надворешната мотивација најголемо просечно влијание врз мотивацијата на вработените имаат паричниот надоместок и тоа 4.000.
• Од сите внатрешни фактори најголемо просечно влијание врз мотивацијата на вработените има автономија во водењето на бизнисот и тоа 4.0294

Клучни зборови: тренинг, развој, наградувањеи мотивација