
Менаџмент во услови на криза предизвикана од вирусот КОВИД-19
Citation APA 7:
Наумовска, В. (2021). Менаџмент во услови на криза предизвикана од вирусот КОВИД-19 [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Наумовска, В., 2021. Менаџмент во услови на криза предизвикана од вирусот КОВИД-19. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Економски факултет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Менаџмент во услови на криза предизвикана од вирусот КОВИД-19 |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 17.12.2021 |
Citation APA 7:
Наумовска, В. (2021). Менаџмент во услови на криза предизвикана од вирусот КОВИД-19 [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Наумовска, В., 2021. Менаџмент во услови на криза предизвикана од вирусот КОВИД-19. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Економски факултет.
Abstract
Магистерската теза под наслов „Менаџмент во услови на криза предизвикана од
вирусот Ковид-19“ дава преглед и анализа на манифестациите на состојбата на криза во едно
претпријатие и ја опишува важноста и улогата на менаџментот во кризни услови, кога
претпријатието работи во специфични услови. Кризата е непредвидлив настан што може
негативно да влијае на перформансите на организацијата и економијата како целина. Со цел
успешно управување со кризната состојба потребно е да постои план за криза, кој
специфицира како организацијата, општеството или државата ќе управуваат со кризата.
Ниту една држава или организација не е иста. Од оваа причина е потребно да се пристапи
кон управување со кризи во согласност со природата, насоката и интензитетот на кризата и
во овој контекст да се утврди кој, кога и какви информации треба да собере, за да се утврди
како да се одговори на кризата. Во секоја криза има елемент на изненадување, а тоа е
неизбежно, без оглед на тоа колку е подготвено претпријатието. Овде особено се мисли и на
предвидувањето за појавата на нова пандемија на корона-вирусот. Иако досега постоеле
епидемии, во поново време не се случила пандемија на светско ниво. Никој не очекуваше
дека Ковид-19 ќе се шири низ целата планета за помалку од три месеци, што само по себе
ги менува работите на секое ниво. Последиците што „времето на вирусот корона“ ќе ги
остави врз светот и домашната економска состојба се незамисливи во овој момент. Мерките
за самоизолација и социјалното дистанцирање го сменија начинот на работа и
функционирање на повеќето компании, а со тоа кризниот менаџмент стана приоритет за
справување со оваа ненадејна криза повеќе од кога било. Доколку нема добро спроведен
кризен менаџмент, ризикот се зголемува, а со лоши одлуки, менаџерот се става себеси,
организацијата или трето лице, во секој случај, во непријатна и подредена позиција.
Добриот кризен менаџмент може, ако не да ги спречи, да ги ублажи ефектите од кризата и
да го насочи и олесни донесувањето на одлуки за управувањето со кризата. Целта на
истражувањето е да се утврди специфичноста и улогата на кризниот менаџмент во услови
на постоење на криза предизвикана од вирусот Ковид-19.
Keywords:
човечки ресурси, управување, криза, кризен менаџмент, Ковид-19,
пандемија, влијание, претпријатие
