
Менаџирање на трошоци и приходи на транспортна фирма
Citation APA 7:
Танев, Ј. (2022). Менаџирање на трошоци и приходи на транспортна фирма [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Citation Harvard:
Танев, Ј., 2022. Менаџирање на трошоци и приходи на транспортна фирма. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 13.09.2022 |
Citation APA 7:
Танев, Ј. (2022). Менаџирање на трошоци и приходи на транспортна фирма [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Citation Harvard:
Танев, Ј., 2022. Менаџирање на трошоци и приходи на транспортна фирма. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Abstract
За да се обави процесот на репродукција на секој производ, капиталот мора да
помине и низ процесот на транспорт, од каде повторно се враќа во сферата на
производство, заради повторно оплодување. Според тоа, фазата на транспорт е исто така
значајна алка во процесот на производство како што е значајно и производството. Во
процесот на производство, како „производ” во сообраќајот е транспортната услуга.
Ваквиот производ (транспортната услуга) не може да се оддели од процесот на
производство, како готов производ, поради тоа не може да егзистира по завршениот
производствен процес. Транспортните организации не можат да ги складираат своите
производи, туку можат да им ги продаваат своите услуги на корисниците, како купувачи
на готови производи (или суровини) преку самиот процес на превоз.
Транспортните трошоци претставуваат паричен израз на потрошената количина
на работата и средствата за обавување на процесот на транспортирање. Со оглед дека
транспортот има карактер на производна дејност, така и транспортните трошоци имаат
карактер на производно прометни трошоци, односно тие ја додаваат вредноста на
стоката која се превезува и истата таа вредност ја зголемуваат. Приходите од една и
расходите од друга страна претставуваат две важни економски величини за секоја
компанија. Во текот на секојдневното работење, компанијата бележи одлив и прилив на
средства и од нивната големина ќе зависи финансискиот резултат што се прикажува на
крајот на пресметковниот период.
Во овој труд, извршивме анализа на трошоци и приходи на транспортна фирма
пред и за време на пандемијата со Ковид-19, а податоците ги прикажавме статистички.
Keywords:
трошоци, приходи, транспорт, финансиски менаџмент, Ковид19, финансиски извештаи
