
Материјална штета и надомест на материјална штета
Citation APA 7:
Неданоски, Н. (2021). Материјална штета и надомест на материјална штета [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Неданоски, Н., 2021. Материјална штета и надомест на материјална штета. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Правен факултет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 27.12.2021 |
Citation APA 7:
Неданоски, Н. (2021). Материјална штета и надомест на материјална штета [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Неданоски, Н., 2021. Материјална штета и надомест на материјална штета. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Правен факултет.
Abstract
Самото опркужување во кое живееме, самите околности во нашиот живот, како и
самиот живот не довеле до тоа да се соочиме со голем број на ситуации каде што се
случуваат штетни дејствија а како последица на нив настанува штетата. Без разлика
дали тие штетни дејствија се причинети намерно или ненамерно како и со чинење и со
нечинење се доаѓа до ситуација да се причини самата штета. Што значи дека секој од
нас може со некое свое однесување да причинил штета или пак штетата да му биде
нанесена него. Меѓутоа за да се избегне нанесување штета на друг потребно е да се
однесуваме внимателно, бидејќи постои законска одредба дека секој треба да се
воздржи од однесување со кое што може на друг да му причини штета. Ваква одредба
постои во скоро сите правни системи.
Штетата не мора да биде причинета само од луѓе таа може да биде причинета и од
различни организации, како и заедници, држави исто така и од опасни предмети како и
од животни па и растенија исто така и од природни појави. Што значи дека тој што
претрпел штета има право да биде обесштетен. Обесштетувањето во зависност од
видот на штетата може да биде различно што значи може да биде до враќање во
претходна состојба, парична сатисфакција, натурално или пак морална сатисфакција.
Меѓутоа не секогаш може да се дојде до целосно обесштетување во таков случај се
гледа на оштетениот да му се пружи барем делумно обесштетување.
Повеќето современи законодавства не ја дефинираат штетата тие само даваат насоки
и вршат набројување на видовите на штета, меѓутоа за разлика од нив во нашето
законодавство штетата е дефинирана како: „Штетата е намалување на нечиј имот
(обична штета, и спречување на негово зголемување (испуштетна корист), како и
нанесувањето на друга физичка или душевна болка или страв (нематеријална штета)“.
Меѓутоа најактуелно прашање е утврдување кога таа штета е надоместлива. Бидејќи
последици на штетата се имотот или личноста на оштетениот, таа претставува
субјективно право да бара надомест на штета, а за штетникот тоа претставува обврска
да изврши надомест на таа штета. За да оштетеното лице може да ја наплати штетата се
претпоставуваа таа штета да биде правно призната. Висината на надоместокот на
шетата е секогаш различен бидејќи не секогаш штетата може да се изрази вредносно и
вредносно да се наплати. Што значи определувањето на надоместокот како и неговата
висина, судијата го определува различно за секој случај. Меѓутоа иако не секогаш
може да се доведе до вредносно определување на штетата односно не секогаш може да
се доведе определување на материјален еквивалент потребно е да се донесат
определени критериуми со кој што би се довело до полесно определување на
надоместокот.
Со самиот факт што тоа сите сме учесници во сообраќајот, било како возачи, пешаци
или совозачи, сите сме подложени на ризик од настанувањето на штета. Сообраќајните
незгоди претставуваат дел од секојдневниот живот, а во најголем дел од нив како
последица се појавуваа материјалната штета на возилата, меѓутоа се појавуаат и голем
број на штетни последици и врз самите лица како нематеријална штета. Оттука може
да се каже дека произлегува и правото на оштетениот да бара надомест на штетата.
Во овој магистерски труд, акцентот е ставен на надомест на материјална штета во
околности на постоење на вина, што пак истата спаѓа во субјективна одговоност.
Субјективната одговорност секогаш се врзува за личноста на штетникот, односно за
неговата намера или невнимание, со кое пак ја причинува штетата на оштетениот, и
како таков има обврска со закон да ја надомести. Па така вината може да биде
претпоставена и докажана вина, каде лицето кео оспорува дека кај него постои вина
истото е должно да го докаже тоа, како и тогаш кога оштетениот тврди дека штетата е
причинета со вина, има обврска пред судот да приложи докази со кои ќе ги потврди
наводите во тужбеното барање.
Надоместувањето на материјална штета се јавува во следните ситуации:
надоместување на материјална штета во случај на смрт, тежок инвалидитет, телесна
повреда и оштетување на здравјето; надомест на материјална штета во случај на
повреда на честа и ширење невистинити наводи; надоместување на материјална штета
со причинување на штета на имотот и имотните права на друг, како и изгубената
заработувачка како вид на материјална (имотна) штета.
Обврската за надомест на материјална штета кога станува збор за парично
надоместување паѓа на товар на буџетот на штетникот, но има и околности во кои таа
обврска ја има осигурителната компанија, тогаш кога оштетениот е осигуран од штети
по здравје, тело или имот, а кога станува збор за натурална реституција, оштетениот е
единствениот обврзан за враќање на истородови и по број ствари –предмети
Keywords:
штета, надомест, материјална штета.
