логата на програмите за безбедност и здравје при работа во подобрување на свеста за опасностите кај вработените во рударската индустрија

Citation APA 7:
Николов, А. (2021). Улогата на програмите за безбедност и здравје при работа во подобрување на свеста за опасностите кај вработените во рударската индустрија [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Николов, А., 2021. Улогата на програмите за безбедност и здравје при работа во подобрување на свеста за опасностите кај вработените во рударската индустрија. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

10.02.2021

Citation APA 7:
Николов, А. (2021). Улогата на програмите за безбедност и здравје при работа во подобрување на свеста за опасностите кај вработените во рударската индустрија [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Николов, А., 2021. Улогата на програмите за безбедност и здравје при работа во подобрување на свеста за опасностите кај вработените во рударската индустрија. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Рударската индустрија се карактеризира со многу високо ниво на професионален
ризик, поради што безбедноста на вработените стана една од нејзините најголеми грижи.
Ова е поради тоа што паралелно со развојот на рударската индустрија, се зголеми и
бројот на повреди и фатални несреќи на работните места во рудниците. Во литературата
постојат ограничени, но значајни сознанија за улогата на програмите за безбедност и
здравје при работа во подигнувањето на свесноста кај работниците за опасностите во
работната средина, со што во значителна мера се превенираат повредите, болестите и
несреќите при работа. Целта на ова истражување е да се дојде до сознанија за разликите
помеѓу рудниците, чии вработени имаат различно ниво на свесност за опасностите во
работната средина, во однос на степенот на имплементираност на програмите за
безбедност и здравје при работа, како и за поврзаноста помеѓу имплементираноста на
програмите со нивото на свесност за опасностите кои ги носи работата во рудниците.
Примерокот го сочинуваат 80 рударски работници, поделени во 2 групи, во зависност
од нивото на свесност за опасностите во работната средина, при што истите се на
различни работни места, сите се од машки пол, на возраст од 35 до 55 години и со
работен стаж од 5 и повеќе години. За собирање на податоците користени се: Прашалник
за имплементираност на програмите за безбедност и здравје при работа и Прашалник за
свесност за опасностите поврзани со работата во рудниците. Истражувачките резултати
покажаа дека рудниците, чии вработени имаат повисоко ниво на свесност за опасностите
во работната средина, имаат повисок степен на имплементираност на програмите за
безбедност и здравје при работа, во споредба со рудниците, чии вработени се со пониско
ниво на свесност за опасностите при работа, како и позитивна поврзаност помеѓу
степенот на имплементираност на програмите за БЗР и нивото на свесност за работните
опасности во рудниците. Добиените истражувачки резултати се конзистентни со другите
резултати од оваа област кои се достапни во стручната литература.

Keywords:

рудници, вработени, програми за безбедност и здравје при
работа, ниво на свесност, работни опасности