
Квалитет на животот, емоционална интелигенција и перцепиран стрес кај средношколците во Охрид
Citation APA 7:
Алоска, А. (2020). Квалитет на животот, емоционална интелигенција и перцепиран стрес кај средношколците во Охрид [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Алоска, А., 2020. Квалитет на животот, емоционална интелигенција и перцепиран стрес кај средношколците во Охрид. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Квалитет на животот, емоционална интелигенција и перцепиран стрес кај средношколците во Охрид |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 08.02.2021 |
Citation APA 7:
Алоска, А. (2020). Квалитет на животот, емоционална интелигенција и перцепиран стрес кај средношколците во Охрид [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Алоска, А., 2020. Квалитет на животот, емоционална интелигенција и перцепиран стрес кај средношколците во Охрид. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Abstract
Глобализацијата во општеството ги забрза промените во секоја сфера од
човечкото функционирање. Предизвиците кои се пружаат на луѓето со секој нов ден
претставуваат важен сегмент во создавањето на квалитетен живот. Потребите и
желбите на поединецот се клучни фактори во неговата среќа и неговото задоволство,
бидејќи тие се движечка сила во неговиот успешен живот.
Брзото темпо на живот создава доста напнати ситуации и често пати
произведува конфузија и проблеми кои го намалуваат квалитетот на живот. Ова
посебно се забележува кај средношколците, бидејќи, со оглед на нивните години,
стануваат доста ранлива категорија од аспект на нивните перцепции и ставови за
животот.
Средината во која средношколците создаваат, творат и ја планираат својата
иднина е доста турбулентна и се одразува низ призмата на нивните емоции и нивната
интелигенција. Не секогаш, нивните желби и потреби се движат кон посакуваната
насока, па многу истражувања во овој контекс покажале дека одредени фактори во
даден момент создаваат стрес кој паралелно го намалува нивниот квалитет на живот.
Емоционалната интелигенција кај средношколците се изложува на нивната перцепција,
создавајќи конфузија за одредена проблематика во нивните планови.
За да може да се елиминираат или намалат негативните фактори кај оваа
категорија, посебно важно е да се стави акцент на емоциите кои влијаат на стресот,
перципиран од аспект на индивидуата и да се одреди целта која ќе придонесе за висок
степен на квалитет на живот.
Keywords:
квалитет на живот, перципиран стрес, емоционална интелигенција,
потреби и желби, средношколци, предизвици.
