
Квалитет на живот кај деца со оштетен вид
Citation APA 7:
Ангеловска, Н. (2022). Квалитет на живот кај деца со оштетен вид [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Ангеловска, Н., 2022. Квалитет на живот кај деца со оштетен вид. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 23.02.2023 |
Citation APA 7:
Ангеловска, Н. (2022). Квалитет на живот кај деца со оштетен вид [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Ангеловска, Н., 2022. Квалитет на живот кај деца со оштетен вид. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Концептот квалитет на живот е сѐ она што животот го прави вреден за живеење. Во
квантитативна смисла, тоа е проценка на траењето на животот понатаму кај лица со
одредено оштетување, која оштетеност се огледа во нивната неспособност, потешкотија во
секојдневното функционирање или инвалидитет. Здравјето е само еден фактор на
квалитетот на живот бидејќи постојат и други фактори кои не се предмет на проучување
на медицината, а тие се однесуваат на квалитетот на живот во однос на психолошкиот
елемент на поединецот, неговото образование, културен живот, материјална состојба…,
кои значително влијаат на неговиот квалитет на живот.
Присуството на болест или одредено оштетување, како што е оштетувањето на
видот, претставува ограничувачки фактор во остварувањето на голем број потреби на
поединецот во дадени околности од неговиот секојдневен живот, па со самото тоа и на
неговиот квалитет на живот.
Со појавата на Резолуцијата „ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ“ уште од својата иницијална
верзија од 1977 година, па сѐ до 1998 година, кога била усвоена новата верзија „ЗДРАВЈЕ
ЗА СИТЕ – ПОЛИТИКА НА 21-ОТ ВЕК“, Светската здравствена организација поставила
10 основни цели во насока на подобрување на здравјето и квалитетот на живот на секој
поединец. Според оваа резолуција, терминот квалитет на живот се дефинира како:
„Настојување да се задоволат потребите на поединецот или групите и навреме да се
препознае нивната состојба, со цел да се постигне нивна среќа и исполнување на
задоволството во нивниот живот“.
Не се кажува случајно дека кога нешто е вредно, треба да се чува „како очите во
глава“. Видот е едно од петте сетила со помош на кое децата го спознаваат светот околу
себе. Важно е да се знае дека кај децата видот постепено се развива. Повеќе од 80 % од
материјата што децата ја учат на училиште ја помнат преку визуелизација, а тоа значи
дека ако детето има проблем со видот, тоа може да има влијание врз неговиот
понатамошен целокупен развој
Keywords:
квалитет на живот, оштетен вид, деца со оштетен вид
