Кризниот менаџмент во јавната администрација во Република Северна Македонија

Citation APA 7:
Танчев, Н. (2023). Кризниот менаџмент во јавната администрација во Република Северна Македонија [Магистерска теза]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Танчев, Н., 2023. Кризниот менаџмент во јавната администрација во Република Северна Македонија. Магистерска теза. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

25.10.2023

Citation APA 7:
Танчев, Н. (2023). Кризниот менаџмент во јавната администрација во Република Северна Македонија [Магистерска теза]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Танчев, Н., 2023. Кризниот менаџмент во јавната администрација во Република Северна Македонија. Магистерска теза. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

авната администрација претставува дејност за постигнување на јавни цели во
функција на општествените интереси и има важна улога во формирањето и
реализацијата на државната политика поради тоа што е дел од политичкиот процес на
државното управување. Традиционалната јавна администрација се фокусира само на
планираните и програмираните активности, што значи оние поминати низ долги фази и
процедури на креирање јавни политики.
Кризата може да се манифестира како резултат на погрешна одлука или може да
се случи без предупредување, каде било и во кое било време. Кризата може да влијае на
сите сектори на општеството, бизниси, владини и невладини организации. Затоа,
менаџментот со кризите од страна на владите е предуслов за нивно непречено
функционирање и опстанок. Јавната администрација е во криза кога нејзиниот
институционален статус е доведен во прашање, како и кога се загрозени основните
структури, принципи и вредности.
Јавните власти се соочуваат со различни кризи, како што се: природни
катастрофи и закани за животната средина, финансиски колапс и терористички напади,
епидемии и експлозии и неуспеси во информатичката и комуникациската технологија
(ИКТ). Кризите не се рутински настани (како пожари или сообраќајни несреќи). Кризите
се незамисливи настани кои честопати целосно ги изненадуваат политичарите и
граѓаните. Кризите се случуваат кога државата, некој нејзин град или регион воочуваат
итна закана за основните вредности или функциите за одржување на животот, со кои
мора итно да се справат во услови на длабока неизвесност.
Овие драматични настани создаваат тешки предизвици за јавните власти и
нивните организации. Критичните одлуки мора да се донесат и имплементираат под
значителен временски притисок и во отсуство на суштински информации за причините и
последиците. Дури и ако условите за ефективно дејствување се сериозно попречени,
граѓаните очекуваат владините лидери и јавните власти да ги заштитат од заканата

Keywords:

Криза, управување со криза, влада, административен службеник,
донесување одлуки, јавна администрација.