
КОВИД-19 – нов предизвик во безбедноста при работа
Citation APA 7:
Синадиновски, И. (2021). КОВИД-19 – нов предизвик во безбедноста при работа [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Синадиновски, И., 2021. КОВИД-19 – нов предизвик во безбедноста при работа. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering |
| Divisions | |
| Date Deposited | 05.04.2021 |
Citation APA 7:
Синадиновски, И. (2021). КОВИД-19 – нов предизвик во безбедноста при работа [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Синадиновски, И., 2021. КОВИД-19 – нов предизвик во безбедноста при работа. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство.
Abstract
Вовед – Ковид-19 е акутно вирусно заболување предизвикано од вирусот
SARS-CоV-2. Периодот на инкубација помеѓу заразувањето и појавата на
симптоми трае од 2 до 14 дена.
Цел на трудот – Целта на истражувањето е да се дојде до податоци колкава
е ковид-возраста на работниците кои работат во текстилната индустрија. Да се
покаже влијанието на пресметаната ковид-возраст врз работната способност кај
работниците во текстилната индустрија.
Метреријал и методи – Во ова истражување се опфатени 509 испитаници,
кои работат во текстилната индустрија. Студијата е направена со анализа на
Прашалникот за ковид-возраст и резултатите добиени од извршените превентивни
медицински прегледи.
Резултати – Ковид-возраста е сигнификантно повисока во однос на
реалната возраст на испитаниците. Со имплементација на инженерскоадминистративни мерки во компанијата во која се работи студијата, позицијата на
компанијата во однос на веројатноста за појава на инфекција се подобрува од
ниво „веројатно“ на ниво „умерено веројатно“, што е значителен напредок.
Статистички сигнификантен успех се постигнува со комбинирање на мерките за
намалување на BMI и инжинерско-административните мерки.
Заклучок – Согласно резултатите добиени од ова истражување, можеме да
заклучиме дека присуството на Sars-Cov2 го зголемува степенот на ризик на
работното место. Ковид-возраста влијае на степенот на ризик на работното место.
Со менување на организацијата на работата, се менува степенот на ризик на
работното место. Ковид-возраста и карактеристиките на работното место го
одредуваат степенот на ризик за конкретниот работник на конкретното работно
место.
Keywords:
Ковид-19, SARS CoV-2, текстилна индустрија
