
Корпоративна одговорност на интернационалните компании – стратегија за градење на успешен бренд
Citation APA 7:
Чкламовска, Б. (2020). Корпоративна одговорност на интернационалните компании – стратегија за градење на успешен бренд [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Чкламовска, Б., 2020. Корпоративна одговорност на интернационалните компании – стратегија за градење на успешен бренд. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништвото.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Корпоративна одговорност на интернационалните компании – стратегија за градење на успешен бренд |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions |
Citation APA 7:
Чкламовска, Б. (2020). Корпоративна одговорност на интернационалните компании – стратегија за градење на успешен бренд [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Чкламовска, Б., 2020. Корпоративна одговорност на интернационалните компании – стратегија за градење на успешен бренд. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништвото.
Abstract
Во теоретскиот дел на овој магистерски труд се обработени поимот и основните
елементи на општествено одговорното работење и начинот на градењето на корпоративна
култура на заемно почитување, како помеѓу вработените и менаџментот на една
компанија, на самите вработени помеѓу себе, така и на вработените во компанијата со
надворешните соработници и клиенти, што во современото глобално општество станува
еден од виталните феномени кој го детерминира успешното делување на компаниите,
особено на оние кои излегуваат од границите на матичната држава и се стремат да станат
светски познат и признат бренд.
Во овој дел се обработува и терминот бренд, што тој значи и какво е влијанието на
општествено одговорното работење врз одржувањето на видливоста и препознавањето на
брендот, трендот на бренд-работодавач и улогата на бренд-менаџерот.
Особено интересни за проучување од аспект на општествено одговорно работење и
градење на бренд се интернационалните (меѓународните компании), за кои е незамисливо
нивно егзистирање, а не, пак, успешно работење во современи услови, без почитување на
правилата за општествено одговорно работење и без изграден бренд-менаџмент.
Во истражувачкиот дел на оваа магистерска работа, обработен е начинот на
општествено одговорно работење на интернационалната компанија НОВОМАТИК АГ од
Гумполдскирхен, Австрија, моќна меѓународна компанија, која е одличен модел за
истражување во рамките на оваа тема, бидејќи е брзорастечка компанија, преку своите
подружници лоцирана во многу држави, чија моќ е првенствено во огромната
иновативност, но и во развивањето на политиките на одржлив развој, пред сè внимавајќи
на корпоративните културни стандарди и општествено одговорно работење, што
резултирало со создавање на два силни бренда, чеда на оваа компанија: НОВОМАТИК –
светски препознатлив бренд за уникатна опрема за игри на среќа, со врвна технологија и
АДМИРАЛ – бренд за електронски казина, омилен кај љубителите на игри на среќа и
забавните игри.
Keywords:
бренд, бренд-работодавач, бренд-менаџер, корпоративна
одговорност, општествена одговорност, корпоративна култура, етичко однесување.
