Концептот на смртта во психологијата, филозофијата, религијата, антропологијата и книжевноста

Citation APA 7:
Трајчев, К. (2021). Концептот на смртта во психологијата, филозофијата, религијата, антропологијата и книжевноста (Компаративна студија) [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Свети Николе – Битола.

Citation Harvard:
Трајчев, К., 2021. Концептот на смртта во психологијата, филозофијата, религијата, антропологијата и книжевноста (Компаративна студија). Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Свети Николе – Битола.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

12.05.2021

Citation APA 7:
Трајчев, К. (2021). Концептот на смртта во психологијата, филозофијата, религијата, антропологијата и книжевноста (Компаративна студија) [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Свети Николе – Битола.

Citation Harvard:
Трајчев, К., 2021. Концептот на смртта во психологијата, филозофијата, религијата, антропологијата и книжевноста (Компаративна студија). Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Свети Николе – Битола.

Abstract

Прашањето за смртта е едно од најтешките, најсложените, најтегобните и
најсуштинските прашања кое човек може да си го постави. Потрагата по одговор на
ова прашање е стара колку и самата приказна за потрагата по смислата на животот.
Самото толкување на човекот, животот и светот всушност почнува со размислата за
смртта. Човекот уште од дамнина се обидувал да ја реши најтешката загатка1 или
енигма2. Смртта отсекогаш била мистерија во најразличните светски култури низ сите
векови од историјата до денешни денови. Таа го привлекувала вниманието на
источните мислители, во старата грчка и римска култура, на религијата, митлогијата,
филозофијата, науката и цивилизацијата воопшто. Во античка Грција тајната служба
упатена на некој бог, која будела надеж во повторно раѓање по смртта и
поистоветување со богот на бесмртноста, ја нарекувале mysteria.3 Тие на смртта
гледале амбивалентно како на пријател и непријател, како на безначајна и моќна сила
понекогаш посакувана, понекогаш проколнувана. Дихотомијата на овој став спрема
смртта останува нејзин основен белег до денешно време, вели Бернхард Таурек.4 Дали
смртта е крај на животот, прекин на сите човечки тенденции и надежи, непријател на
животот, или пак со неа почнува нов живот растеретен од земски грижи и пропаѓање и
носи целосно спасение.
Смртта е сеопшт неспорен настан, единсвено во што сме целосно сигурни (иако
не го знаеме денот и часот и зошто и како) е дека мораме да умреме.5 Во секојдневната
опсервација на смртта лежи и фактот дека смртта во себе ја носи и карактеристиката
на нужност. Хајдегер неслучајно зборува за човечкото суштество како за битие за
смрт. Животот и смртта како поларитети се најтесно поврзани во нивниот спесифичен
антиномичен однос. Секој што се раѓа, што добива можност за живеење, ја носи смртта
со (во) себе уште од самото раѓање (зачнување). Самата смрт, фигуративно кажано, се
раѓа со раѓањето на животот. Затоа и симболично можеме човекот да го означиме како
движечка клепсидра. Со секој одминат миг истекуваат и зрната (капките) живот во
часовникот на постоењето на секој поединец. Имено, смртта овозможува и
продолжување на видот (зрното првин умира, за повторно да оживее преку раѓањето на
нашите потомци).

Keywords:

смрт, филозофија, психологија,наука