Комуникациските компетенции важен фактор за успешни млади лидери

Citation APA 7:
Стојановска-Генова, К. (2024). Комуникациските компетенции важен фактор за успешни млади лидери [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Стојановска-Генова, К., 2024. Комуникациските компетенции важен фактор за успешни млади лидери. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

09.07.2024

Citation APA 7:
Стојановска-Генова, К. (2024). Комуникациските компетенции важен фактор за успешни млади лидери [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Стојановска-Генова, К., 2024. Комуникациските компетенции важен фактор за успешни млади лидери. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Успехот на секоја организација се потпира врз квалитетот на лидерството а
лидерите, се пред постојан предизвик да ја трансформираат својата визија во акција, за
постигнување на високи перформанси и остварување на целите на организацијата.3
Целта на лидерите е да ги ангажираат другите да ја вложат целата енергија во
постигнување на успех. Лидерите кои ја постигнуваат таа цел, успешно ја интегрираат
фирмата и суштината на ефективното лидерство. Лидерот може да се дефинира како
лице кое делегира или значително има влијание врз другите за да извршуваат одредени
цели.1 Покрај фактот дека лидерите мора да комуницираат за да функционираат во
својата работа, го поставуваме прашањето колку комуникациските вештини
придонесуваат во успехот на организациско ниво. Сите ние имаме искуство со лидери
кои, инспирираат, воодушевуваат, мотивираат за да го добијат најдоброто од нивниот
тим, без притоа да го следат секое нивно движење. Спротивно на тоа многу од нас
имаат искусено и менаџери кои прилагаат строга контрола, планирање и недостиг од
консултативен разговор. Од денешна перспектива, враќајќи се назад, можеме да кажеме
дека теориите за лидерство не се однесувале на “лидерството” туку на она што се
нарекува ефикасно управување. Промената морала да биде по фундаментална и по
систематична и да даде резултати со кои што би се задоволиле очекувањата не само на
врвниот менаџмент, туку и на сите заинтересирани страни. За да добијат конкурентска
предност, фирмите правеле многу повеќе од подобрување на ефикасноста и
зајакнување на контролата. Тие го менувале начинот на кој го управувале бизнисот а
тоа би значело трансформација на системите кои биле воспоставувани со години, смена
на цврсто утврдени култури и модифицирање на однесувањето кое долго време било
наградувано со успех. За многу истражувачи станало јасно дека утврдувањето на јасни
цели и структуирање на стимулациите се само мал дел од целокупниот предизвик за
лидерството.

Keywords:

лидери, комуникацики компетенции, психологија.