Компаративни аспекти на малолетничката деликвенција

Citation APA 7:
Јосифовски, В. (2021). Компаративни аспекти на малолетничката деликвенција [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Јосифовски, В., 2021. Компаративни аспекти на малолетничката деликвенција. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

18.03.2021

Citation APA 7:
Јосифовски, В. (2021). Компаративни аспекти на малолетничката деликвенција [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Јосифовски, В., 2021. Компаративни аспекти на малолетничката деликвенција. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.

Abstract

Ако денес криминалот, неспорно е проблем за секоја пора на современото, модерно
и демократско општество, ако е негативна појава која оди против сѐ она што еден човек
позитивно, создава и креира во својот живот за подобрување на животната средина,
животната атмосфера, животниот економски стандард и ако криминалот претставува
најтешко загрозување на квалитетот на човековиот живот, неспорно е и тоа дека во
неговата феноменологија малолетничката деликвенција има првостепено значење. Од сите
досегашни истражувања запишани во разни трудови кои ни се достапни, очигледно, се
работи за сфера на криминал, специфична во прв ред, поради нејзините актери –
сторители, а тоа се децата, кои не се „криминалци во мало“, а нивното деликвентно
однесување како и одговорот на него, не може да се подреди на класичните криминалнополитички и казненоправни концепти за отстранувањето на криминалот на возрасните
иако кај нас во Република Македонија до само пред некои 6 – 7 години, не беше стрикно
одделена постапката низ која поминуваа малолетните деликвенти.
Затоа ни е потребна праксата која полека, но сигурно се наметнува, а тоа е
меѓународната компарација и согласување во начинот на постапката кога се појавуваат
децата како сторители или како жртви на криминалот. Јас би рекол дека децата и кога се
јавуваат како сторители на дела кои со закон се предвидени за кривични, тие сепак се
жртви на криминалот на еден подолг рок.
И на самиот крај на краиштата, дали воопшто постои некоја потреба од посебна
кривичноправна издржаност за да се истражува во полето на малолетничката деликвенција?
Јас лично сметам дека тоа не е потребно и затоа овој труд се занимава токму со
појавата на криминалот кај децата, ако воопшто може така да се прецизира.

Keywords:

деликвенција, малолетник, право.