Компаративна анализа на стиловите на менаџирање на филијалите на странските компании лоцирани во тирз-овите во Република Северна Македонија

Асаноска,Ф., 2025, Компаративна анализа на стиловите на менаџирање на филијалите на странските компании лоцирани во тирз-овите во Република Северна Македонија

Abstract

Денес, организациите се принудени да произведуваат со што помалку вложени ресурси. Работејќи под притисок од опкружувањето и самите стеикхолдери на претпријатието, тие се наоѓаат пред предизвикот за остварување високи добивки со минимални трошоци. Притоа, може да се тргне во погрешна насока, доколку човечките ресурси се третираат како и другите ресурси, затоа што профитабилноста на организациите најмногу зависи од вработените кои го сочинуваат најголемиот дел од фиксните трошоци. Во време на постојани промени, рецесии и висока конкурентност, секој работодавач мора да ги преземе сите активности, со цел да го избере најсоодветниот работник за работното место кое го нуди. Многу е важно да се развијат методи за регрутација и селекција на најдобрите кандидати со кои не само што ќе се зголеми продуктивноста, туку и трошоците ќе се задржат на ниско ниво. Регрутацијата и селекцијата, како круцијални функции на менаџментот на човечки ресурси, имаат најголемо влијание врз перформансите на една организација. Нивното дејство ги засегнува целокупните резултати на организацијата бидејќи од квалитетот на вработените, зависи и квалитетот на организацијата.