
Компаративна анализа на организација на потрошувачи на Македонија и земји од Европа
Citation APA 7:
Лосковски, Г. (2024). Компаративна анализа на организација на потрошувачи на Македонија и земји од Европа [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Лосковски, Г., 2024. Компаративна анализа на организација на потрошувачи на Македонија и земји од Европа. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Компаративна анализа на организација на потрошувачи на Македонија и земји од Европа |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 01.11.2024 |
Citation APA 7:
Лосковски, Г. (2024). Компаративна анализа на организација на потрошувачи на Македонија и земји од Европа [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Лосковски, Г., 2024. Компаративна анализа на организација на потрошувачи на Македонија и земји од Европа. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Во ерата на глобализација и брзиот развој на трговијата, заштитата на правата на
потрошувачите станува сè поважна тема во секое општество. Потрошувачките
организации играат клучна улога во овие процеси, застапувајќи ги интересите на
потрошувачите и обезбедувајќи информации за нивните права и обврски. Во Македонија
и земјите од Европа, овие организации функционираат на различни начини и постигнуваат
различни нивоа на ефективност. Целта на овој магистерски труд е да се направи
компаративна анализа на организациите на потрошувачи во Македонија и одредени земји
од Европа со цел да се идентификуваат добрите практики и можностите за подобрување
на заштитата на потрошувачите во Македонија. Главната цел на овој магистерски труд е
да се направи компаративна анализа на организациите на потрошувачи во Македонија и
земјите од Европа. За да се постигне оваа цел, ќе се истражат прашањата за тоа какви се
структурите и организационите модели на потрошувачките организации во Македонија и
Европа, кои се главните активности и проекти на овие организации, какви се нивните
правни рамки и регулативи, но и кои се најуспешните примери на потрошувачки
организации во Европа и што може да се научи од нив.
Во овој магистрски труд ќе се користат квалитативни и квантитативни
истражувачки методи. Квалитативниот дел ќе вклучи интервјуа со претставници на
потрошувачки организации и анализа на документи и регулативи. Квантитативниот дел ќе
вклучи анкети со потрошувачи и анализа на статистички податоци за ефективноста на
потрошувачките организации.
За да се разбере функционирањето на потрошувачките организации, потребно е да
се разгледаат теоретските основи на потрошувачките права и организациите кои ги
застапуваат овие права. Теоријата на потрошувачките права опфаќа повеќе концепти како
што се: правото на безбедност, правото на информација, правото на избор и правото на
жалба. Потрошувачките организации имаат за цел да ги обезбедат овие права преку
различни активности, како што се образовни кампањи, правна помош и лобирање за
подобри закони и регулативи
Keywords:
Европа, потрошувачи, права, структура, анализа, организации
