
Компаративна анализа на одговорноста во работењето на јавната администрација во Р Франција и РС Македонија
Citation APA 7:
Трајкова, С. (2023). Компаративна анализа на одговорноста во работењето на јавната администрација во Р Франција и РС Македонија [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Трајкова, С., 2023. Компаративна анализа на одговорноста во работењето на јавната администрација во Р Франција и РС Македонија. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 24.04.2023 |
Citation APA 7:
Трајкова, С. (2023). Компаративна анализа на одговорноста во работењето на јавната администрација во Р Франција и РС Македонија [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Трајкова, С., 2023. Компаративна анализа на одговорноста во работењето на јавната администрација во Р Франција и РС Македонија. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Населението во една држава има право на квалитетна, стручна и одговорна
јавна администрација. За да постои таква администрација неопходно е таа да
функционира врз база на јасни, добро формулирани и точно утврдени правни основи
и да располагаме со високо стручни и одговорни административни службеници, кои
поседуваат високи етички вредности, кои имаат капацитет одговорно да ја
извршуваат функцијата која им е доверена во установата во којашто работат, но она
што е најважно истите да се погрижат за остварување на правата и обврските на
граѓаните и правните субјекти во постапки предвидени со закон. Мора да
напоменеме дека, во овој контекст, најсуштинско значење имаат одредбите на
одговорноста на административните службеници во извршувањето на работните
задачи кои им се доделени. Гледајќи воопштено, однесувањето на физичко или
правно лице според законски и морални норми всушност претставува одговорност.
И во случаи кога законските и моралните норми се прекршени, се применуваат
одредени дисциплниски или кривични казни предвидени со закон. Одговорноста на
администрацијата во РС Македонија е уредена со Законот за административни
службеници. Во него јасно се разграничени повредите настани при извршувањето на
работните должности, како и начинот на докажување на дисциплинската и
материјалната одговорност на административните службеници. Додека пак, во
Франција правата и обврските на административните службеници се уредени во
Законот од 13 јули 1983 година, каде се потенцира дека за „секоја грешка направена
од страна на административен службеник при вршењето на својата службена
должност тој е изложен на дисциплинска санкција без штета, во случај кога тоа е
соодветно, како и на казни предвидени со кривичниот закон.
Keywords:
администрација, административни службеници, одговорност,
дисциплинска санкција, закон.
