
Компаративен преглед на истрагата
Citation APA 7:
Радевска, М., адевска, М. (2023). Компаративен преглед на истрагата [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Радевска, М., 2023. Компаративен преглед на истрагата. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 12.04.2023 |
Citation APA 7:
Радевска, М., адевска, М. (2023). Компаративен преглед на истрагата [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Радевска, М., 2023. Компаративен преглед на истрагата. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Новиот закон за кривична постапка означува пресвртница во македонската
кривичноправна процедура, бидејќи воведува низа драматично поинакви решенија
споредено со претходно преку кои се обидува да го истисне инквизиторниот елемент
кој во голема мера беше присутен во досегашната мешовита постапка. Најголема
новост има кај истрагата, па ако таа досега започнуваше со решение на судот кога
истиот ќе се убедеше дека постои основано сомнение дека лицето против кое таа се
бара сторило кривично дело, по новиот закон тоа се прави со наредба на јавниот
обвинител против која обвинетиот нема можност на судска заштита . Старото решение се оправдуваше со тезата дека судот е независен и непристрасен
орган кој како објективен истражувач ќе прибира докази како на товар така и во полза
на обвинетиот, а бидејќи не е странка нема да биде заинтересиран за исходот на
постапката. Дел од теоријата прифаќаше дека една од целите на замена на судската со
обвинителска истрага беше да се избегне прикриената, латентна пристрасност на
истражниот судија во корист на оптужбата, за кој признаваше дека не е непристрасен, ниту истовремено ако отворено или прикриено ја преземе функцијата на кривичен
прогон може рамноправно да се грижи за одбраната на осомниченио. Практиката ги
демантира оние кои се залагаа за негово задржување, бидејќи се утврди дека судот со
оглед на амбивалентноста на задачата која му беше дадена (да прибира докази и на
товар и во полза) не само што не успеваше во тоа, туку во пракса со право се гледаше
како противник на одбраната. Противник затоа што лицето на истрагата беше судот, тој го испитуваше обвинетиот, тој ги сослушуваше сведоците, ги изведуваше другите
докази, а во насока на проверка односно поткрепа на барањето за истрага. Мое гледиште е дека ако судот беше на ниво на својата задача претходното решение
вистина требаше да го заштити обвинетиот повеќе отколку сега, меѓутоа очигледно
психолошкиот товар на таквата двојна функција е ненадминлив, особено што „судот –
оптоварен со обврската целосно да го расчисти случајот – објективно не беше во
позиција на непристрасен одлучувач“ ме прави поборник на новото, па сметам дека
напуштањето на тој инквизиторен елемент за сметка на воведувањето чист акузаторен
преку тужителска истрага, како сегмент на либералниот модел на кривична постапка, е
подобро решение
Keywords:
истрага, модел, постапка, сведоци.
