
Когнитивен раст и развој кај деца од претшколска возраст
Citation APA 7:
Богеска, И. (2020). Когнитивен раст и развој кај деца од претшколска возраст [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Богеска, И., 2020. Когнитивен раст и развој кај деца од претшколска возраст. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 08.02.2021 |
Citation APA 7:
Богеска, И. (2020). Когнитивен раст и развој кај деца од претшколска возраст [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Богеска, И., 2020. Когнитивен раст и развој кај деца од претшколска возраст. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Децата се двигател на нашето опшество, пред сѐ, од аспект на тоа дека на нив останува
иднината на нашата општествена заедница. Кога станува збор за развојот на детето уште
од најрани и најмлади години, се мисли на целиот процес и на сите промени што се
случуваат кај детето за време на неговиот развој, што го унапредуваат и притоа му
обезбедуваат подобра рамнотежа, поголемата стабилност, како и ефикасност во средината
во која расте. Растот и развојот на детето директно се гледаат низ промените што се
случуваат на биолошко, на психичко како и на социјално поле.
Промените директно и индиректно се поттикнати, како од внатрешни, така и од
надворешни фактори. Внатрешните фактори, од друга страна, се поврзани со генетскиот
запис, со она што детето го наследува преку гените од своите родители и предци.
Надворешните фактори, пак, се поврзани со карактеристиките и специфичностите на
примарната (родителот, семејството) и пошироката социјална средина (групата,
заедницата, како и општеството на кое му припаѓа семејството).
Карактеристиките, а исто така и специфичностите на примарната и пошироката социјална
средина се одредени од културата, религијата и традицијата на која ѝ припаѓаат, но и од
моменталното ниво на развој, морално-вредносниот систем, како и организацијата на
општеството во целина.
Растот и развојот се континуирани, а поради постоењето на овие фактори, сепак, се
специфични и различни за секое дете поединечно. И покрај индивидуалноста, сепак, може
да се забележи дека развојот се одвива низ неколку фази кои, пак, се слични за секое дете
уште во претшколска возраст.
Keywords:
деца, претшколска возраст, когнитивен раст, когнитивен развој.
