
Kазнени санкции и нивната ефектвност – анализа на политиката на казнување во Република Северна Македонија
Тасевски,Т., 2025, Kазнени санкции и нивната ефектвност – анализа на политиката на казнување во Република Северна Македонија
Abstract
Оваа магистерска теза се фокусира на ефективноста на казнените санкции во Република Северна Македонија во периодот од 2015 до 2025 година. Истражувањето има за цел да ги испита законските и институционалните рамки на казнената политика, практичната примена на различнит евидови санкции и нивното влијание врз ресоцијализацијата на сторителите и намалувањето на рецидивизмот. Во посебен фокус се ставени алтернативните мерки на казнување и пробацијата, како современ тренд во усогласувањето со европските стандарди и хуманизацијата на казнено-поправниот систем.
Истражувањето се базира на комбинација од научни методи, вклучувајќи догматско-правна анализа на законските прописи, комaпаративен пристап со европски искуства, статистички метод за обработка на податоци за изречени и извршени казни, како и аналитичко-синтетички метод за интегрирање на резултатите. Пристапот овозможува да се согледа ефективноста на казнените санкции не само од формален аспект, туку и од практичниот ефект врз општеството и сторителите.
Резултатите од истражувањето укажуваат дека, иако реформите во последната деценија создадоа законски и институционални услови за подобрување на казнената политика, ефективноста на санкциите останува ограничена од институционални капацитети, ограничена примена на алтернативните мерки и недоволна ресоцијализаторна поддршка. Сепак, воведувањето на пробацијата и алтернативните санкции се покажа како позитивен чекор кон хуманизација на казнената политика и намалување на рецидивизмот.
Тезата нуди критичка анализа на македонскиот казнен систем, потенцирајќи ја важноста на усогласување со европските стандарди и давана соки за унапредување на практиката на казнување. Истражувањето придонесува кон научното разбирање на ефективноста на казнените санкции и обезбедува основа за понатамошни политики и истражувања во областа на кривичното право и казнената политика.
Клучни зборови: казнени санкции, ефективност, пробација, алтернативни санкции, рецидивизам, казнена политика, Република Северна Македонија.
Details
| Item Type | Master’s thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 16.3.2026 12:00 |
| Last Modified | 16.3.2026 12:00 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA |
