
Извршител и извршна постапка во Република Северна Македонија
Citation APA 7:
Стеваноска Темелкоска, М. (2020). Извршител и извршна постапка во Република Северна Македонија [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Стеваноска Темелкоска, М., 2020. Извршител и извршна постапка во Република Северна Македонија. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Извршител и извршна постапка во Република Северна Македонија |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 15.06.2020 |
Citation APA 7:
Стеваноска Темелкоска, М. (2020). Извршител и извршна постапка во Република Северна Македонија [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Стеваноска Темелкоска, М., 2020. Извршител и извршна постапка во Република Северна Македонија. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.
Abstract
Извршното право е дел од граѓанското процесно право кое претставува систем на
правни норми со кои се регулираат условите за поведување извршна постапка, својствата
и процесната положба на субјектите во извршната постапка, нивните права и должности,
процесните дејствија што тие ги преземаат, како и последиците од тие процесни
дејствија.
1
Од досегашните анализи се утврдило дека со Законот за извршување е реализирана
основната цел, а тоа е да се создаде ефикасен систем на извршување и остварување на
правата на доверителите во разумен рок.
Со донесувањето на Законот за извршување комплетно е променет системот на
извршување на судските одлуки, со што се напушти системот на судско извршување, а
извршувањето е пренасочено кај извршителите – приватни лица кои врштат јасни
овластувања именувани во согласнот со Законот. Донесената одлука за промена на
системот на извршување на судските одлуки е заснована врз факти кои ја докажуваат
неговата бавност во работењето, неефикасноста, неефективноста и сл. Тогашниот Закон за
извршна постапка и неговата примена укажуваат на неефикасност во процесот на
извршување на судските одлуки во граѓанските предмети, како и на одлуките на органите
на државната управа кои гласат на исполнување на парнична обврска.
Пред да се донесе Законот за извршување, извршувањето го спроведувале судски
извршители кои биле составен дел од судот. Исто како и приватните извршители кои се
именувани од Министерот за правда, и судските извршители вршеле принудна наплата и
преземале исти дејствија.
Keywords:
извршител, извршна постапка, право.
