Извори на стрес кај наставниците во основното и средното училиште и нивното влијание врз менталното здравје

Стојкоска,В., 2024, Извори на стрес кај наставниците во основното и средното училиште и нивното влијание врз менталното здравје

Abstract

Феноменот – професионален стрес кај наставниците е составен дел од нивната секојдневна работа и за жал тој е во постојан пораст. Проучувањето и истражувањето на изворите на професионален стрес кај наставниците има неколку значења: значење за самите наставници, за учениците и општествено значење. Долготрајно и секојдневно изложување на стрес кај наставниците може да има негативно влијание врз квалитетот и задоволството на работата и врз нивниото физичко и ментално здравје. Потврда дека овој феномен – професионален стрес е многу распространет помеѓу различните професии е факт дека наставничката професија се вбројува меѓу првите неколку најстресни професии.
Целта на ова истражување е да се истражи: кои извори на стрес се најмногу застапени кај наставниците од основните и средните училишта, да се утврди дали има значителни разлики во целокупното искуство на стрес и изворите на стрес помеѓу наставниците од основно и средно училиште, да се испитаат изворите на стрес кај наставниците од основните и средните училишта и нивното влијание врз менталното здравје. Примерокот на истражувањете се состои од 70 испитаници на наставници, 35 од основното училиште и 35 од средното училиште; од нив 54 се од женски пол, а 16 се од машки пол. Во истражувањето се користени: Скала за мерење на изворите на стрес кај наставниците и ДАС скала, со пополнувањето на прашалниците во основното и средното училиште. Овие резултати од истражувањето ќе дадат придонес за подобро разбирање на изворите на наставничкиот стрес со можност за неговата превенција.

Клучни зборови: професионален стрес, наставници, основни и средни училишта, ментално здравје.