Истражување на неуробиологијата и ефикасноста на телесно ориентираната психотерапија во работа со рана траума

Citation APA 7:
Хајдин, Х. (2025). Истражување на неуробиологијата и ефикасноста на телесно ориентираната психотерапија во работа со рана траума [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Хајдин, Х., 2025. Истражување на неуробиологијата и ефикасноста на телесно ориентираната психотерапија во работа со рана траума. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

29.1.2026

Citation APA 7:
Хајдин, Х. (2025). Истражување на неуробиологијата и ефикасноста на телесно ориентираната психотерапија во работа со рана траума [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Хајдин, Х., 2025. Истражување на неуробиологијата и ефикасноста на телесно ориентираната психотерапија во работа со рана траума. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Темата на овој магистерски труд е фокусирана на истражување на невробиолошките
основи и ефикасноста на телесно ориентираната психотерапија во справувањето со рана
развојна траума. Сите емоционално значајни искуства што се доживеани остануваат засекогаш
складирани во телото, во таканареченото имплицитно сеќавање. Ова сеќавање содржи телесни
сензации, емоции, импулси и чувства што ја обликуваат нашата внатрешна реалност. Иако
искуствата од периодот на бременоста и раното детство, особено во текот на првите три години
од животот, не можат свесно да се потсетат, денешните бројни студии потврдуваат дека токму
овие рани искуства имаат клучно влијание врз подоцнежниот емоционален и психолошки
развој. Нашето тело ги памети и позитивните и негативните искуства, без оглед на тоа дали ги
паметиме свесно или не. Трагата од овие рани искуства се рефлектира во нашите модели на
однесување и начинот на кој го доживуваме светот. Телото се сеќава дури и кога умот не може
да се сети.
Потиснатите емоции остануваат „заробени“ во телото, а последиците од ова често се
манифестираат преку физички симптоми, соматски заболувања или тешкотии во
меѓучовечките односи. Научните истражувања покажуваат дека раните емоционални
искуства играат најважна улога во обликувањето на структурата и функцијата на мозокот,
особено на десната хемисфера, која е одговорна за обработка на емоции, регулирање на
афектот и невербална комуникација. Во текот на првите три години од животот, десната
хемисфера е доминантна и игра клучна улога во развојот на емоционалната регулација и
социјалните вештини. Преку пресликување на емоционалните изрази помеѓу мајката и
детето, се создава чувство на сигурност што овозможува развој на безбедна приврзаност и
придонесува за емоционално и психолошко здравје на долг рок.

Keywords:

психотерпаија, психологја, психотерапија, траума