
Испитување на психомоторниот развој на дечиња со потешкотии во учењето
Citation APA 7:
Монева, Д. (2024). Испитување на психомоторниот развој на дечиња со потешкотии во учењето [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет].
Citation Harvard:
Монева, Д. (2024) Испитување на психомоторниот развој на дечиња со потешкотии во учењето. Магистерски труд. Факултет за психологија, Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Испитување на психомоторниот развој на дечиња со потешкотии во учењето |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 09.04.2025 |
Citation APA 7:
Монева, Д. (2024). Испитување на психомоторниот развој на дечиња со потешкотии во учењето [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет].
Citation Harvard:
Монева, Д. (2024) Испитување на психомоторниот развој на дечиња со потешкотии во учењето. Магистерски труд. Факултет за психологија, Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.
Abstract
Психомоторниот развој претставува интегрален аспект од севкупниот развој на
детето, кој ги опфаќа процесите поврзани со моторните способности и нивната
координација со когнитивните процеси.
Психомоторниот развој е особено важен во раниот детски развој, кога децата учат
основни вештини за движење и комуникација. Во овој период, децата развиваат основни
моторни вештини, кои подоцна служат како основа за сложени активности. На пример,
играњето со играчки, трчањето и учењето да се фрлаат и ловат топки се клучни
активности кои помагаат во развојот на грубата моторика, додека активности, како
сликање и работа со градежни блокови, помагаат во развојот на фината моторика.
Развојот на моторните способности е поврзан со способноста на детето да учи и да се
адаптира на околината.
Развојот на моторните способности е поврзан со способноста на детето да учи и да
се адаптира на околината. Овие вештини влијаат на начинот на кој децата комуницираат,
како учат нови информации и како ја перципираат и обработуваат средината околу нив.
Заостанувањето во психомоторниот развој може негативно да влијае врз академските
постигнувања и социјалните односи на детето. Психомоторниот развој е поврзан и со
академскиот успех. Децата со развиени моторните вештини често се поуспешни во
училишните активности, особено во предмети кои бараат пишување и рачно работење.
Keywords:
психомоторен развој, моторни способности, груба моторика, фина
моторика
