
Интерактивноста во материјалите за е-учење
Citation APA 7:
Петровска, И. (2025). Интерактивноста во материјалите за е-учење [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.
Citation Harvard:
Петровска, И. (2025) Интерактивноста во материјалите за е-учење. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions |
Citation APA 7:
Петровска, И. (2025). Интерактивноста во материјалите за е-учење [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.
Citation Harvard:
Петровска, И. (2025) Интерактивноста во материјалите за е-учење. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.
Abstract
Во последната деценија, е-учењето сè повеќе се наметнува како доминантен модел
на образование во Република Северна Македонија, поттикнато од глобалните
технолошки трендови и заложбите за модернизација на образовниот систем. Неговите
предности, како што се достапноста, флексибилноста и исплатливоста, нудат нови
можности за стекнување знаење. Сепак, преминот од традиционалното кон дигиталното
учење отвора прашања за квалитетот, ефективноста и степенот на прифаќање на овој
пристап кај различни категории ученици.
И покрај напорите на Владата за дигитализација на образованието, целосното
интегрирање на е-учењето сè уште се соочува со одредени предизвици, како што се
недоволната дигитална писменост, перцепциите за неговата ефективност и отпорот кон
промени во традиционалните методи на предавање. Во Северна Македонија, е-учењето
главно се користи во рамките на формалното образование, при што фокусот останува на
предавањето на наставните содржини, додека неговиот поширок потенцијал за развој на
самостојност и доживотно учење останува недоволно искористен.
Ова истражување сугерира дека е-учењето не само што може да го подобри
квалитетот на образованието, туку и да поттикне развој на критичко размислување,
самостојност во учењето и поголема мотивација кај учениците. Преку оптимално
искористување на дигиталните алатки и интерактивните ресурси, е-учењето може да
премине од алтернатива во традиционалното образование кон интегриран, динамичен и
ефикасен модел што ќе го поттикне доживотното учење и развојот на релевантни
вештини за 21-от век.
Keywords:
е – учење, електронско учење, интерактивност, образование
