Интелигентни сензорски системи за мерење на параметри на загадувачи во воздухот

Citation APA 7:
Стојановски, М. (2023). Интелигентни сензорски системи за мерење на параметри на загадувачи во воздухот [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Стојановски, М., 2023. Интелигентни сензорски системи за мерење на параметри на загадувачи во воздухот. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

18.10.2023

Citation APA 7:
Стојановски, М. (2023). Интелигентни сензорски системи за мерење на параметри на загадувачи во воздухот [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Стојановски, М., 2023. Интелигентни сензорски системи за мерење на параметри на загадувачи во воздухот. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Загадувањето на воздухот е распространета опасност по квалитетот на
животната средина која има големи влијанија врз здравјето на луѓето,
предизвикувајќи многу болести што доведуваат до високи стапки на смртност и
морбидитет во сите земји во светот, особено во земјите во развој. Затоа,
контролата на загадувањето на воздухот е од витално значење и треба да биде
на листата со врвни приоритети на владите. Понекогаш не се гледа одредено
загадување на воздухот, но неговиот лут мирис нè предупредува.
Загадувањето на воздухот и натаму влијае врз општата здравствена
состојба на луѓето во Европа, го намалува нивниот квалитет на живеење и го
скратува животниот век. Освен тоа, загадениот воздух доведува до значителни
економски последици, до растечки трошоци за медицинска заштита и, поради тоа
загубени работни денови, до редуцирана продуктивност на целокупното
стопанство. Извештај за квалитетот на воздухот во Европа се објавува секоја
година, и опфаќа концентрација на различни штетни материи во воздухот и со
тоа поврзана оптовареност во одделни земји од ЕУ. Податоците се добиваат од
мерни станици низ цела Европа.
Доминантен извор на штетни материи во воздухот е сообраќајот. Ситната
прашина доаѓа од моторите, претежно тие на дизел погон, кочниците, триењето
на гумите, како и преку раздувување на прашина од улични површини во
воздухот

Keywords:

Сензорски ситеми, воздух, загаувачи.