Индикатори за безбедност и предлог мерки за проценка на ризик

Citation APA 7:
Паневска Златевска, М. (2021). Индикатори за безбедност и предлог мерки за проценка на ризик [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет].

Citation Harvard:
Паневска Златевска, М. (2021) Индикатори за безбедност и предлог мерки за проценка на ризик. Магистерски труд. Осло: Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

09.06.2021

Citation APA 7:
Паневска Златевска, М. (2021). Индикатори за безбедност и предлог мерки за проценка на ризик [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет].

Citation Harvard:
Паневска Златевска, М. (2021) Индикатори за безбедност и предлог мерки за проценка на ризик. Магистерски труд. Осло: Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Во овој магистерски труд анализиран е начинот на подобрување на денешната
пракса на проценка на ризикот во оперативната фаза, со фокус на временската
зависност при димензијата на знаење како и претпоставките. Исто така анализирани се
и идентификувани индикаторите за квалитет на работната средина и мерките кои
можат да се користат при проценката на ризикот.
Тука е идентификувана слабостa на денешната пракса поради недоволно знаење и
искуство кое што се акумулира со текот на времето и влијанието на тоа како да се
управува со ризикот. Се согледува дека е потребно да се посвети повеќе внимание на
динамичното проценување на ризикот кое што се ажурира почесто и во поголем обем,
при што има можност да ја подобри и промени сликата на ризикот. Во овој труд ќе
биде разработено можното решение на овој проблем исто така и ќе предложам
рамка/модел за поцврсто поврзување помеѓу временската динамика и знаењето, со
специјален фокус на индикаторите, дигитализацијата и претпоставките.
Согласно перспективата на ризик на Aven1 поставена во 2014 год. го имам разработено
ризикот и дефиницијата на ризикот согласно временската димензија. Ќе биде
анализирана хиерархијата на ризикот која што ги поставува нивоата и индексот на
ризикот, и исто така придонесува индексот на ризикот да е зависен од две компоненти.
Овие компоненти ги објаснуваме како традиционална временска зависност и
временската зависност на претпоставки. Врз база на овие две теории предложувам
методолоша рамка која што се состои од критична метода и стратегија на ризикот
базирана на несигурни претпоставки, каде што методите се фокусираат да ги следат
претпоставките.
Во овој магистерски труд ќе ги разбработам пошироко можностите за поврзување на
следењето на претпоставките преку дигитализацијата, како и можноста за една
пропишана (базирана на времето) одлука каде што самите претпоставки не можат да се
интегрираат со модерниот дигитализиран свет. Не е можно да се изведе една
пропишана ажурирана фреквенција без да се разбере динамиката на претпоставките,
каде што самите претпоставки се оние кои што го водат ажурирањето, но не и времето.
1 Професор од Норвешка за анализа на ризикот и управување на ризикот
Магистерскиот труд предложува и сопствена рамка која што флексибилно проценува
една претпоставка која ќе се следи во целост и ќе биде поставена за следење заедно со
дигитализацијата. Таму проценките се базираат на тоа да има доволно време да ги
идентификува, како и да изврши промени на претпоставките, па потоа да ги донесе под
контрола промените. Понатаму ќе се земе во предвид колку често човекот може да
добива информации и на крајот да направи едно резиме при што ќе ја разгледа
несигурноста и силата на знаењето/информациите.

Keywords:

процена на ризик, дигитализација,индикатори