
Имплементација на современи пристапи на управување со вработените во меѓународни компании
Јордановски,М,И., 2025, Имплементација на современи пристапи на управување со вработените во меѓународни компании
Abstract
Интернационална компанија е организација која работи надвор од оригиналната земја каде што се наоѓа. Интернационалната компанија може да вклучува странски средства, како што се фабриките, па дури и да има странски вработени. Работењето низ целиот свет или генерално кажано меѓународното влијание е познато како глобализација. Интернационалните компании се генерално поуспешни доколку се способни да се приспособат на различните средини во кои работат. За нивниот успех обично е потребна силна организација, човечки капитал, комуникација и приспособливост.
Денес современото работење на организациите и улогата на менаџментот на човечки ресурси, развој и обука на вработените е доволно изразена. Имено, менаџментот на човечки ресурси преферира стратегиски пристап на управување со вработените, посебно да биде поврзано со нивното оспособување за остварување на организациските цели.
Вработените кои поседуваат вештини, мотивација, знаење и останати способности и позитивни карактеристики, го претставуваат највредниот капитал што обезбедува предност на конкурентниот пазар и го подобрува профитабилното работење на една организацијата / компанија.
Современиот пристап на менаџментот на човечки ресурси се согледува во тоа што со правилно организирани активности овозможува организацијата да распореди вистински луѓе на вистинско место, и да им овозможи напредок и нивни провесионален развој, со правилно мотивирање и наградување и со вистинскиот пристап и организирање да оствари добри резултати за организацијата.
Details
| Item Type | Master's thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA |
